Семејна драма на свадбата на ќерката на Гордон Ремзи – младоженецот не ги поканил родителите, мајка му скршена од болка
Тетка му дури и му испратила порака на Адам на денот на венчавката, која според изворите гласи:
„Се надевам дека никогаш нема да ја почувствуваш болката што ѝ ја предизвика на мајка ти, а и покрај ова, таа сепак те сака. Срамота за вас двајцата“.
Откако Керолин сфатила дека нема да биде поканета, дури и се заканувала дека ќе дојде на прославата.
И, ако не ѝ дозволат да влезе во црквата планирала да ја следи церемонијата од улица.
Сепак, обезбедувањето за време на свадбата беше огромно, па сопругот ја убедил да не оди бидејќи само ќе се разочара.
Се претпоставува дека конфликтот ескалирал бидејќи сестрата на Керолин јавно ја критикувала Холи што не ја поканила на претсвадбената претстава.
Истовремено, Керолин открива дека син ѝ Адам мислел дека има лошо влијание, но не појасни на што точно мисли.
Адам не ѝ го честита ни 60-тиот роденден минатата недела.
„Не знам дали се премногу млади или не го ценат семејството како мене. Но, не разбираат дека семејството е столб на сè.
Можеш да му се вратиш на семејството кога животот ќе ти стане тежок. За среќа, мајка ми уште е жива и уште ме поддржува на нејзини 83 години. Јас го сакам тоа за моите деца…
Јас не сум негативна личност, го гледам позитивното. Во спротивно, само ќе се скриев под ќебе и немаше никогаш да излезам“.
Керолин додава дека уште повеќе ја болело тоа што нејзиниот сопруг бил поканет на црковната церемонија. Сепак, и нему му било забрането да оди на забавата потоа. Но, тој одлучил да не оди.
Инаку, Адам и Холи се запознаа во 2021 година, а ја почнаа врската во 2023-та.
На почетокот, Холи имала одличен однос со мајката на Адам, а вели дека кога дознала за свршувачката била пресреќна.
Но, кога славеле за свршувачката, Адам и Холи ги поканиле само Керолин и нејзиниот сопруг Марк.
Ова ја разочарало Керолин, па таа ѝ испратила порака на Холи во која ѝ кажала дека е разочарана и дека жали што не биле поканети и нејзините сестри, односно тетките на Адам.
Оттогаш, односот само се влошувал.
Засега Адам и Холи се немаат огласено за драмата.
Прочитајте и: Не сака да вработува жени, нема да им остави пари на децата – Факти за контроверзниот Гордон Ремзи
Спирова С. | Црнобело