Ештон Кучер „очајно“ пробува да си ја спаси репутацијата: Бранеше силувач, Пи Диди му беше меѓу најдобрите пријатели

Во првата половина од 2025-та, Ештон не објавуваше апсолутно ништо на Инстаграм.

Кога се обиде повторно да се активира на социјалната мрежа, не недостасуваа коментар за неговото пријателство со Дени Мастерсон и Пи Диди.

eshton-kucher-ochajno-probuva-da-si-ja-spasi-reputacijata-braneshe-siluvach-pi-didi-mu-beshe-megju-najdobrite-prijateli-11.JPG

Притоа, почнаа да се споделуваат и многу постари скандалозни изјави на актерот.

На пример, во инсерт од 2008 година од неговата емисија Punk’d, Ештон ја коментира Хилари Даф.

Тогаш тој имаше 25 години, а Хилари 15, а во инсертот вели:

„Хилари е една од оние девојки кои сите чекаме да наполни 18 години“.

eshton-kucher-ochajno-probuva-da-si-ja-spasi-reputacijata-braneshe-siluvach-pi-didi-mu-beshe-megju-najdobrite-prijateli-07.JPG

Во 2011 година, пак, Ештон Кучер бранеше фудбалски тренер кој беше обвинет за сексуален напад врз момче.

Во меѓувреме Деми Мур, неговата поранешна сопруга, издаде мемоари во кои ја прикажува можеби најлошата страна на Ештон Кучер.

Откри дека ја терал да имаат секс во тројка, а потоа почнал и да ја изневерува.

eshton-kucher-ochajno-probuva-da-si-ja-spasi-reputacijata-braneshe-siluvach-pi-didi-mu-beshe-megju-najdobrite-prijateli-6.JPG

Поради ова, Ештон сега давал сè од себе за да си ја поправи репутацијата.

„Знае дека изминативе неколку години си ја уништи репутацијата во Холивуд и во јавноста поради непромислените одлуки.

Тој и Мила добиваат сè помалку и помалку покани на настани во Холивуд. Сега се срами од грешките од минатото. Свесен е дека скандалите со Дени Мастерсон и Пи Диди уште се свежи во сеќавањата на луѓето.

Толку е нервозен, што ги прашува пријателите дали некогаш јавноста повторно ќе го прифати. Очаен е“.

eshton-kucher-ochajno-probuva-da-si-ja-spasi-reputacijata-braneshe-siluvach-pi-didi-mu-beshe-megju-najdobrite-prijateli-3.JPG

Ештон се прослави релативно млад. На 18-годишна возраст се запишал на факултет, и тоа на биохемиско инженерство.

Но, кога добил ангажман како модел, решил да се пресели во Лос Анџелес и овде ја добил една од главните улоги во хит-серијата That 70s Show.

Одовде, неговата популарност само се зголемуваше и брзо стана едно од најпознатите имиња во Холивуд.

На MTV имаше и своја емисија – Punk’d – а беше и продуцент на неколку филмови.

Пријателството со Пи Диди почнало во периодот кога ја снимаше емисијата Punk’d. Беа особено блиски скоро 20 години, а Ештон има изјавено дека штом се запознале, веднаш станале пријатели.

eshton-kucher-ochajno-probuva-da-si-ja-spasi-reputacijata-braneshe-siluvach-pi-didi-mu-beshe-megju-najdobrite-prijateli-9.JPG

Многупати во интервјуа се фалеа еден со друг и си беа огромна поддршка.

Па, не изненадува тоа што јавноста мислеше дека можеби и Ештон некако бил вмешан во криминалните дела на Диди или дека барем знаел за нив.

Впрочем, неговото пријателство со Диди, но и со Дени Мастерсон, го чинело и улоги и актерот буквално не можел да најде работа.

Неговиот последен фил, Your Place or Mine, беше снимен во 2021-ва, а издаден во 2023-та.

„Ештон сакаше да продолжи да глуми, но неговата репутација беше оцрнета до тој степен, што многу луѓе го одбиваа“, вели извор за Daily Mail.

eshton-kucher-ochajno-probuva-da-si-ja-spasi-reputacijata-braneshe-siluvach-pi-didi-mu-beshe-megju-najdobrite-prijateli-05.JPG

Сепак, се надева дека со новата серија ќе си ја промени среќата.

„Без сомнение, кариерата на Ештон страдаше поради контроверзиите во кои беше вмешан. Но, истовремено, тој веќе не е млад актер кој е миленик на младата публика и не е актер кој би донел голема заработка.

Во минатото беше ѕвезда, но повеќето понуди што ги добиваше потоа не беа можности за соработка со големи имиња.

Па, кога Рајан, режисерот на новата серија го побара, Ештон мораше да прифати. Ќе беше глупаво да ја пропушти можноста. Па, можеби камбекот на Ештон ќе биде успешен“, додава изворот.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Што се случи со Ештон Кучер и Британи Марфи – неговата втора поранешна девојка која почина? Пред да ја почне врската со Британи Марфи, Ештон Кучер сведочеше на судење за уб...
За помалку од 2 години се разведе, па почна врска со жена - Како Мајли Сајрус пронајде среќа со нови... Мајли дојде на премиерата на филмот Avatar: Fire and Ash со 6 години помладиот М...
Први фотки од Пи Диди во затвор – со побелена брада, се смее со други затвореници Јавноста не го видела Пи Диди од септември минатата година, но сега се појавија ...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...

Најчитани неделава