Ештон Кучер „очајно“ пробува да си ја спаси репутацијата: Бранеше силувач, Пи Диди му беше меѓу најдобрите пријатели
- Детали
- четврток, 01 јануари 2026
„Ештон знае дека изминативе неколку години си ја уништи репутацијата во Холивуд и со Мила Кунис добиваат сè помалку покани за настани“ – бидејќи бранеше силувач кој е осуден на 30 години затвор, но и поради долгогодишното пријателство со Пи Диди, Ештон Кучер сега „очајно“ пробувал да си ја спаси репутацијата.

Ако некогаш Ештон Кучер беше меѓу најпознатите холивудски ѕвезди, денес актерот како да исчезна.
Годинава, Ештон речиси и да не беше забележан во јавност, а само еднаш се појави на црвен тепих. Истото важи и за неговата сопруга Мила Кунис.
Но, веројатно исчезнувањето на 47-годишниот актер и неговата 42-годишна сопруга не е изненадување, бидејќи изминативе година-две, се најдоа среде некои од најголемите холивудски скандали.
Во 2023 година, актерот Дени Мастерсон беше обвинет за силување две жени.
МИла и Ештон, заедно со Дени, глумеа во серијата That 70s Show и беа блиски и приватно. Па, штом се појавија обвиненијата за Дени, тие застанаа во негова одбрана.
Набрзо потоа вината на Дени беше докажана и тој доби 30 години зад решетки. Мила и Ештон мораа јавно да се извинат.
Ештон имаше формирано организација која се бори против сексуалното насилство врз деца. По пресудата на Дени, ја напушти организацијата.
Само што драмата со Дени Мастерсон почна да стивнува, во 2024 година беше уапсен Пи Диди и на виделина излегоа обвиненијата против него.
А, Ештон Кучер со години претходно беше мошне близок пријател со музичарот.
Тој не ја повтори грешката и не проба да го одбрани Диди, но не кажа ништо дури ни кога музичарот доби затворска казна.
Според блиски извори, цел овој период Ештон Кучер се фокусирал на неговите инвестиции во технолошки и стартап компании, но наводно сега бил подготвен да му се врати и на јавниот живот.
Тој сними и нова серија – The Beauty – а ова бил негов „очаен обид да си ја врати старата репутација“.
„Порано Ештон беше голем играч во Холивуд, добиваше една улога по друга. Сега целата надеж ја влева во новата серија.
Се надева дека луѓето ќе му простат и ќе ги заборават срамните работи од изминативе неколку години“.
Но, веројатно актерот ќе треба да се потруди повеќе.