Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседнат со девици
Бил опседнат со девици
Иако бил во врска, а потоа и во брак со Присила, Елвис ѝ бил неверен. И, според некои извори, преферирал девици.
Присила самата има откриено дека по првата брачна ноќ кога наводно првпат имале секс, интересот на Елвис кон неа како да исчезнал.
Кога, пак, се породила, Елвис не ја ни погледнувал.
„Ми имаше кажано дека никогаш не би можел да има секс со жена која родила дете“, сподели Присила.
Имал чуден однос со мајка му
Како што има изјавено Присила, Елис имал љубов за само една жена – неговата мајка. Но, оваа љубов се граничела и со бизарност.
„Го привлекува жени кои го потсетуваа на мајка му“, има споделено негов пријател.
Мајка му го разгалувала, но дури и кога пораснал, се однесувала со него како да е мало дете.
Нивната близина била вознемирувачка за луѓето отстрана, а една девојка на Елвис дури и му раскинала поради ова.
Наводно, го затекнала пејачот како ѝ седи во скут на мајка си.
Бил зависен од храна
Елис имал чуден однос со храната и имал навика да се прејадува.
Уживал во брза и нездрава храна, а во една пригода и самиот изјавил дека јадењето е единственото нешто во коешто уживал.
Поради ова, честопати имал проблеми со килажата, а неговото однесување се граничело и со нарушување во исхраната.
По долг период јадење многу храна, имал навика да се изгладнува.
Консумирал опасни комбинации од лекови
Елвис бил против дрога, но не гледал ништо лошо во злоупотребата на препишани лекови. И, пиел сè и сешто.
По неговата смрт, токсиколошката анализа покажала дека во неговиот систем имало дури 14 различни лекови, вклучувајќи морфиум и антидепресиви.
Со години пред смртта, Елвис комбинирал вакви лекови, па и неколкупати се предозирал.
Спирова С. | Црнобело
