Елен Деџенерис видно ослабена и остарена, една година откако „избега“ во Англија со сопругата: „Сака да се врати во САД“
- Детали
- сабота, 03 јануари 2026
„Елен беше убедена дека со сопругата Порша ќе останат во Англија додека Доналд Трамп е во Белата куќа. Но, очигледно си го промени мислењето“. Елен Деџенерис се врати во Калифорнија за празничната сезона, видно ослабена и остарена, па се шпекулира дека не ѝ годи животот во Англија.

Елен Деџенерис и сопругата Порша де Роси веќе извесен период живеат во Англија.
Водителката одлучи да ја напушти Америка по скандалите со нејзиното шоу, кое на крај беше и откажано, иако тврди дека се преселила поради новиот претседател Доналд Трамп.
Сепак, по една година, со Порша решиле да се вратат во Калифорнија, но наводно само за зимскиот период, бидејќи зимите во Англија им бие многу мрачни.

67-годишната водителка и Порша веќе се во Монтесито, Калифорнија, а со последните папарацо фотки, Елен предизвика и загриженост.
Тие беа фотографирани во вторникот (30.12), а најмногу внимание привлече слабиот изглед на Елен.

Водителката решила повторно да ја офарба косата руса, носеше фармерки маичка и палто, а во слично лежерно издание беше и Порша.
Сепак, Елен изгледа многу послабо од вообичаено.
Па, се шпекулира дека животот во Англија, на фарма, далеку од раскошот на којшто е навикната, можеби и не е најдобар извор за неа.

Извори блиски до водителката, пак, откриваат дека со Порша планираат да поминуваат повеќе време во Калифорнија.
„Елен беше убедена дека со Порша ќе останат во Англија додека Доналд Трамп е во Белата куќа. Но, очигледно си го промени мислењето.
Им кажуваше на пријателите дека наскоро ќе се врати дома бидејќи ѝ недостасуваат, а и не може да ги поднесе зимите во Англија.
Исто така, Порша сака повторно да глуми. Ќе бидат овде за празниците, но изгледа ќе останат и подолго“.

Кога Елен најави дека ќе се преселува, многумина беа убедени дека причината не е Трамп, туку фактот што на виделина излезе лошото однесување на водителката на нејзиното шоу.
На крај шоуто беше откажано.
Сепак, таа стоеше на ставот дека само одат во потрага по подобар живот.
„Кога одлучивме да живееме во Англија, знаевме дека Порша не може да живее без нејзините коњи. Ни требаше дом кој имаше место за коњи, како и пасишта“.

Елен поретко споделуваше фотки и на социјалните мрежи, но тврдеше дека е пресреќна.
Сепак, се чини ова се променило.
„Елен им стави до знаење на блиските дека ќе се врати во Калифорнија побрзо од планираното. Им недостасува топлото време и пријателите“, вели извор близок до водителката.
Погледнете и: Од омилената водителка, до најомразена личност која се крие во Англија: Како Елен Деџенерис изгуби сè?

Спирова С. | Црнобело
