Беа разделени поради неверство, имаат деца и внуци: Љубовта на Снуп Дог и сопругата трае скоро 30 години
- Детали
- недела, 18 јануари 2026
Иако можеби е тешко да се замисли, Снуп Дог е посветен на семејството. Со сопругата се заедно од средношколските денови, таа му е менаџер, а успеаја да го спасат бракот дури и по неверството на раперот.

Сигурни сме дека знаете кој е Снуп Дог, но дали знаете дека тој е во среќен брак скоро три децении, со сопругата што ја запознал во средно?
Како рапер чии песни неретко се фокусираат на теми како насилство, дрога и криминал, тешко е да го замислите како семеен човек.
Но, приватно, тој е токму тоа.
Детали за бракот на Снуп Дог и сопругата Шанте Бродус:
Се запознале во тинејџерските години
Снуп Дог и Шанте се запознале во тинејџерските години, бидејќи учеле во истото средно училиште.
Ја почнале врската тој период, а биле и партнери на матурската вечер во 1989-та.
Се венчаа во 1997-ма
По неколку години врска, раперот и Шанте се венчаа 1997-ма, во луксузниот хотел Ritz Caltron во Калифорнија.
Во 2008-ма, пак, ги обновија заветите – настан што го организирал самиот Снуп и бил изненадување за сопругата.
Раперот неколкупати има зборувано за тајната за нивниот долг брак и смета дека тоа што ја почнале врската млади има голем удел.
„Мислам дека издржавме заедно бидејќи бевме млади и двајцата бевме подготвени да жртвуваме многу за нашата врска. Таа ги знаеше моите соништа и цели, а истовремено, и јас ги знаев нејзините.
Беше тешко бидејќи има многу работи кои ве одвлекуваат од бракот и луѓето се разведуваат секој ден. Но, кога вистински сакате некој, ништо не може да го растури тоа.
И, мислам дека ние имавме љубов на прв поглед“.
Во 2026-та, тие ќе ја слават 29-тата годишнина од бракот.