Беа разделени поради неверство, имаат деца и внуци: Љубовта на Снуп Дог и сопругата трае скоро 30 години
Имаат деца, но и внуци
Снуп и Шанте заедно имаат три деца, родени во периодот од 1994-та до 1999-та, а и двајцата се многу посветени родители.
„Мојата врска со децата е поважна од сè останато. Ние имаме пријателски однос. Јас сум нивен татко, ментор, но и пријател“, има изјавено раперот.
Нивното прво дете, синот Корде, има две деца, додека вториот син, Кордел, има три деца.
Па, Снуп и Шанте веќе се баба и дедо – уште една улога што си ја сфаќаат мошне сериозно.
„Моите внуци ми се сè бидејќи сите имаат делче од моето срце.
Мене дедо ми ми беше најдобар пријател, и тоа што јас сум им најдобар пријател на моите внуци покажува дека сум завршил добра работа“.
Во 2025-та, тие добија уште еден внук, од нивната ќерка Кори.
Шанте му е менаџер на Снуп Дог
Снуп и сопругата не се само брачни партнери, туку и соработуваат.
Таа е негов менаџер, а Снуп многупати јавно се има заблагодарено за нејзиниот труд.
„Шанте ја води мојата кариера од првиот ден. Со неа се консултирам за секоја одлука и денес не би бил овде без неа.
Благодарен сум што ми е менаџер со кој заедно ја градиме нашата империја“.
Краток период беа разделени
Во скоро 30-те години заедно, и Снуп и Шанте имале кризни периоди, а во 2004-та, раперот поднесе и барање за развод.
Иако немаат откриено многу детали, се претпоставува дека раперот ѝ бил неверен на сопругата.
Тој, пак, самиот се обвинува за разделбата.
„Мислев дека јас сум главен и дека бев подготвен да се откажам од тоа што го имам.
Но, сфатив дека она што го имам (со Шанте) е незаменливо“, откри раперот откако се смирија.
Тој додаде и дека нивните деца му помогнале да си ги воочи грешките.
„Добив деца со мојата сопруга бидејќи сакав да бидам со неа. Трите наши бебиња се нешто што го посакувавме и сакав да бидам овде за нив“.
Спирова С. | Црнобело