Опседната е со него 40 години по разводот, му барала пари со уцени: Која е првата сопруга на Џони Деп?

„Ја добив работата. Бев пресреќен. Ме исплатија уште првата недела. Ја прифатив улогата за да си ја платам киријата.

Тој период истовремено праќав и апликации за работа, каква било работа“, има откриено актерот за неговата прва улога.

opsednata-e-so-nego-40-godini-po-razvodot-mu-barala-pari-so-uceni-koja-e-prvata-sopruga-na-dzhoni-dep-10.JPG

Но, како што кариерата на Џони одеше во нагорна линија, почнал да се соочува со проблеми во бракот. Па, во 1986-та, едвај три години по свадбата, тој и Лори се разделија.

И покрај разделбата, останале во добри односи, но изминативе неколку години почнаа да се појавуваат по малку бизарни шпекулации за Лори.

Додека траеше судењето на Џони и Амбер Херд, Лори застана на страната на актерот.

opsednata-e-so-nego-40-godini-po-razvodot-mu-barala-pari-so-uceni-koja-e-prvata-sopruga-na-dzhoni-dep-9.JPG

Ова, секако, беше очекувано бидејќи тој добиваше поддршка и од други поранешни партнерки.

Но, почна да се зборува дека Лори до денес е опседната со актерот. На пример, на социјалните мрежи таа го користи презимето Деп, без разлика што поминаа 40 години од нивниот развод.

Дури и на IMDb е наведена како Лори Деп, а не Алисон, што значи дека си го користи презимето на актерот во секојдневието.

opsednata-e-so-nego-40-godini-po-razvodot-mu-barala-pari-so-uceni-koja-e-prvata-sopruga-na-dzhoni-dep-6.JPG

Истовремено, иако беше очекувано да го брани Џони во судењето со Амбер, Лори даде загрижувачки коментари во кои како да ѝ се заканува на актерката.

„Ја имам запознато, одев на забави во неговата куќа и Амбер изгледаше мошне фино. Беше преубава и како да не ја сака?

Но, како што минуваше времето, слушав работи за неа, а Џони не изгледаше многу среќен… И јас сум повредувала луѓе, но она што го прави Амбер е ужасно.

Има работи кои сакам да ѝ ги направам, но не се легални“, сподели Лори во интервју.

opsednata-e-so-nego-40-godini-po-razvodot-mu-barala-pari-so-uceni-koja-e-prvata-sopruga-na-dzhoni-dep-07.JPG

Во периодот додека траеше судењето, почна да се шпекулира и дека Лори барала пари од актерот.

Според неофицијални извори, пред неколку години, Лори изнудила 1,25 милион долари од актерот. Го уценувала со снимка на кој тој кажувал погрдни зборови за Афроамериканци, па за да не ја објави, ѝ ги исплатил парите.

Се зборува и дека барала да ѝ купи куќа, како и дека редовно му бара пари за други трошоци.

opsednata-e-so-nego-40-godini-po-razvodot-mu-barala-pari-so-uceni-koja-e-prvata-sopruga-na-dzhoni-dep-08.JPG

Извори блиски до актерот велат дека ова се само озборувања, но дел од јавноста смета дека се вистина.

Самиот Џони, пак, одбива да коментира за неговиот прв брак.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Амбер Херд и уште 11 светски ѕвезди кои преку ноќ станаа омразени поради своите грешки Елен Де Џенерис беше обвинета за расизам и омаловажување на вработените во шоуто...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...

Најчитани неделава