Опседната е со него 40 години по разводот, му барала пари со уцени: Која е првата сопруга на Џони Деп?
- Детали
- понеделник, 19 јануари 2026
Иако Џони Деп и првата сопруга останале во добри односи по разводот пред 40-тина години, се шпекулира дека таа изнудила над еден милион долари од него, уценувајќи го со аудиоснимка. За дел од јавноста, пак, е чудно што таа до денес го користи неговото презиме.

Зад себе, Џони Деп има бројни врски со познати жени, но само двапати бил во брак.
Од 2015 до 2017 година беше во брак со Амбер Херд, а сите знаеме како заврши нивната приказна.
Тој имаше и сериозна врска со актерката Ванеса Паради, но никогаш не стапија во брак.
Џони Деп првпат застанал пред олтар долго пред да ја сретне Ванеса – во 1983-та, кога имал само 20 години.
И, се претпоставува дека неговата прва сопруга, Лори Алисон, му помогнала да ја лансира својата кариера во Холивуд.
Џони ја запознал Лори на 20-годишна возраст и веднаш почна врска со неа, без разлика што е шест години постара од него.
Се запознале преку нејзиниот брат и наводно им се случила љубов на прв поглед.
Па, не ни чекале долго пред да се венчаат – стапија во брак кон крајот на 1983 година.
Лори била мејкап артистка и таа почнала да го бодри актерот да цели повисоко и да проба да се пробие во Лос Анџелес, Калифорнија.
Тој период актерот имал свој бенд и првично се надевал дека ќе успее како музичар.
„Си помисливме дека ако ни оди добро во Флорида, тогаш ќе ни биде уште подобро во Калифорнија“, има изјавено актерот.
Но, животот во Калифорнија не бил гламурозен како што се надевале.
Џони не успевал да закаже настапи со неговиот бенд, па почнал да продава пенкала и слични продукти за некако да преживеат.
Ситуацијата им се подобрила кога го запознале Николас Кејџ кој тогаш уште се прославувал, но сепак имал конекции во Холивуд поради неговото славно семејство.
Се спријателиле, па Николас му помогнал на Џони да најде свој агент.
Агентот, пак, успеал да му закаже аудиција за филмот A Nightmare on Elm Street. Џони ја добил улогата и со тоа официјално почна неговата кариера во Холивуд.