Почина „тајната ќерка“ на Фреди Меркјури на 48 години, само неколку месеци откако светот дозна за неа
- Детали
- четврток, 15 јануари 2026
Во септември минатата година, беше издадена книга според која Фред Меркјури наводно имал тајна ќерка, чиј идентитет бил познат само на неговото семејство и членовите на бендот Queen. Сега, пак, сопругот на жената потврди дека таа починала од рак – болест со која се борела со години.

Тајната ќерка на Фреди Меркјури, за која светот дозна минатото лето, починала на 48-годишна возраст од рак.
Жената, која е позната само како Би, имала редок облик на рак на ’рбетот, а тажните вести ги потврди нејзиниот сопруг, за Daily Mail.
„Би почина мирно, по долга битка со хордома, редок облик на рак на ’рбетот. Зад себе остави два сина на возраст од девет и седум години“.
Тој додаде дека нејзиното тело било кремирано, а пепелта ја однеле на Алпите.
„Сега е со нејзиниот сакан татко“, вели вдовецот.
Инаку, јавноста дозна за постоењето на Би благодарение на писателката Лесли Ен Џонс, која кон крајот на минатото лето издаде книга во која тврди дека Фреди имал ќерка чиј идентитет успешно го криел од јавноста.
Според авторката, за постењето на Би знаеле сите членови на Queen, како и неговото семејство, но ја почитувале неговата желба да ја заштити од вниманието на јавноста.
Книгата, насловена Love, Freddie, беше издадена во септември а авторката сподели дека Би првпат ја добила дијагнозата за рак кога била дете.
„Тоа е вистинската причина зошто нејзиното семејство се селеше толку често, за да можат да ѝ го овозможат најдобриот третман за болеста која знаеја дека ќе ја убие“.
Самата Би била свесна кој ѝ е татко, но според некои извори, не сакала да зборува за тоа во јавност бидејќи била докторка.
Сепак, по нејзината смрт, семејството размислувало дали да објави фотографии од неа со татко ѝ Фреди.
Иако Фреди Меркјури престана да крие дека е хомосексуалец, тој имаше и врски со жени, вклучувајќи ја и неговата долгогодишна партнерка Мери Остин, која остана покрај него до неговата смрт.
Наводно, и таа била свесна за постоењето на Би.
Ќерката на Фреди пораснала со друго семејство, но била блиска со него.
„Бевме многу блиски од моментот кога се родив, до последните години од неговиот живот. Ме сакаше и ми беше посветен.
Околностите на моето раѓање, по стандардните на многу луѓе, може да изгледаат невообичаено Но, тој ме гледаше како скапоцено богатство“, ѝ открила жената на писателката.
Иако некои се сомневаат во приказната, Би наводно имала направено ДНК тест кој го потврдува ова. Сепак, резултатите од тестот не се достапни за јавност.
Писателката не открива која е мајката на Би, туку само спомнува дека била случајно зачната во 1976 година.
Прочитајте и: Објавил дека боледува од сида ден пред неговата смрт, имал 4 заби повеќе – факти за легендарниот музичар Фреди Меркјури
Спирова С. | Црнобело