Се разведоа па се венчаа, таа му е трета и петта сопруга: Чудната љубовна приказна на Жан Клод Ван Дам и Гладис
Подоцна се огласи и четвртата сопруга на Жан:
„Бев шокирана што тој зборувал со медиумите за сето тоа толку години подоцна, само за да привлече внимание.
Не знаев за аферата, ме повреди и се чувствувам предадено. Тажно е што кога се случила аферата јас бев бремена со нашиот син“.
Откако Жан се разведе од четвртата сопруга во 1995-та, доби дијагноза за биполарно нарушување.
Во меѓувреме, реши да ѝ се врати на третата сопруга, Гладис, за во 1999-ра да се венчаат по вторпат.
По втората венчавка, Жан и Гладис издржаа 16 години заедно, пред повторно да почнат да размислуваат за развод.
Но, набрзо откако јавноста дозна за разводот, актерот сподели дека сепак се премислиле, во голема мера и поради нивните две деца.
„Нашето семејство е силно. Децата се силни, сопругата е силна. Има многу разводи ширум светот и тоа е лошо за децата.
Паровите треба да соработуваат, без разлика што треба направат. Разводот не е добар за децата, за луѓето, за родителите… па дури и за државата“, изјави тој за TMZ.
Не е познато што точно се случувало меѓу Жан и сопругата, но тој даде уште неколку изјави, иако по малку збунувачки.
„Разводот е едноставен – тоа е збор – а љубовта е чувство. Тешко е да се мешаат двете. Чувствата и зборовите.
Зборовите се за правни проблеми. Добро или лошо, правото е добро, но може да биде и лошо. А, љубовта е чувство, па на адвокатите им е тешко да го разберат ова“.
Актерот истакна и дека си ја сака сопругата, без разлика на нивните проблеми, но и оваа изјава беше малку конфузна.
„Секако дека се сакаме. Всушност, јас ги сакам сите луѓе што сум ги сретнал.
Секојпат кога ќе поминете време со некоја личност – 10 и 20 минути и слушате некој – создавате сеќавања. Ако лажете дека слушате, тогаш сте глупави.
Па, секојпат кога минувате време со луѓе, треба да уживате во тоа и сите да бидат задоволни“.
Жн Клод Ван Дам и Гладис уште се заедно и се чини дека навистина ги решиле проблемите меѓу нив, но не е познато дали овој пат ѝ останал верен.
Спирова С. | Црнобело
