Се разведоа па се венчаа, таа му е трета и петта сопруга: Чудната љубовна приказна на Жан Клод Ван Дам и Гладис
- Детали
- недела, 25 јануари 2026
Од 1987 до 1992 година, Жан Клод Ван Дам беше во брак со третата сопруга – Гладис. Се разведоа бидејќи ја изневери, а до крајот на 1990-тите повторно се венчаа. Пред десетина години сакаа да се разведат уште еднаш, но овој пат се премислија.

Пред една деценија, Жан Клод Ван Дам најави дека ќе се разведува по петти пат, и тоа од сопругата со која 16 години претходно веќе се имаше разведено.
Сопругата Гладис Портегес поднела барање за развод поради „ненадминливи разлики“, но се премислија.
Чудната љубовна приказна на Жан Клод Ван Дам и Гладис:
Жан и Гладис првпат се венчаа во 1987 година, во период кога актерот почна да се прославува.
Дотогаш, тоа веќе беше трет брак за актерот.
Останаа заедно до 1992-ра, а се разведоа бидејќи актерот имал афера со колешка.
По разводот, Жан се венча со колешката со која доби син, Николас.
Но, не ѝ беше верен ниту неа – додека беа во брак, тој почнал афера со пејачката Кајли Миног.
Жан и четвртата сопруга останаа заедно три години, а таа дозна за неверството дури во 2012-та, кога тој призна во интервју за The Guardian.
„Да, да, се случи. Бев во Тајланд, имавме афера. Ќе беше чудно да немавме афера.
Таа (Кајли Миног) е толку убава и беше пред мене секој ден со убава насмевка.
Толку шармантна, се однесуваше како голема ѕвезда. Прекрасна дама“, искрено кажа актерот.
