Пирс Броснан гневен за навредите за изгледот на сопругата – Како ја брани од злобните коментари?
- Детали
- среда, 28 јануари 2026
„Кели е многу силна жена, а тоа е една од причините зошто Пирс толку многу ја сака. Но, како секоја стресна ситуација, некогаш злобните коментари им влијаат. Пирс е многу заштитнички настроен кон неа и некогаш му е тешко да се воздржи“, вели извор близок до парот за последните навреди насочени кон изгледот на Кели.

Пирс Броснан важи за еден од најпосакуваните холивудски заводници, но со децении тој има очи само за една – неговата сакана сопруга Кели Шај.
Кели има 62 години и нормално дека е променета од младоста, но и за својата возраст, изгледа навистина добро. А, покрај актерот, секогаш изгледа и пресреќно.
Но, факт е дека Кели неретко е критикувана за нејзините облини.
Пирс Броснан многупати кажувал дека таа е најубавата жена за него и дека до денес чувствувал „слабост во нозете“ кога ќе ја види.
Но, според извори блиски до парот, веќе и на актерот почнале да му пречат злобните коментари за неговата сакана.
Неодамна, на Твитер вирално почна да се споделува навредлива објава за Кели.
Корисник споделил две фотки од Кели и Пирс – едната од 1996-та, а другата од 2008-ма, со опис:
„Драги мажи, ова е вашиот дневен потсетник да избегнувате брак“.
Во коментари доминираат критики насочени кон корисникот што ги објавил фотките, но твитот сепак бил разочарување за Пирс.
„Беше гневен за објавата и многу е тажен што неговиот брак е сведен на озборувања за тежината на Кели. Разочаран е што сите зборуваат за нејзиното тело. За него, Кели е сè“.
Во минатото актерот има изјавувано дека Кели е личноста што му дава сила и дека не може да си го замисли животот без неа.