Пирс Броснан гневен за навредите за изгледот на сопругата – Како ја брани од злобните коментари?
Она што го кажува Пирс, го потенцираат и многу коментари во објавата:
„Кели е многу убава жена. Со Пирс се многу среќни што со години имаат убава врска“.
„Неговата сопруга е убава, интелигентна партнерка и прекрасна мајка. Што е погрешно со фотографијата? Драги мажи и жени, вака изгледа љубов која трае цел живот. Уживајте во неа бидејќи е тешко да се најде“.
Изворот, пак, додава дека Пирс честопати ја штити од злобните коментари.
„Кели е многу силна жена, а тоа е една од причините зошто Пирс толку многу ја сака. Таа никогаш нема да дозволи замерките за нејзината тежина да ја спречат да ужива во животот и да го поддржува нејзиниот сопруг.
Но, како секоја стресна ситуација, некогаш ова им влијае. Пирс е многу заштитнички настроен кон неа и некогаш му е тешко да се воздржи“.
Злобните коментари за Кели не се ништо ново за парот, а пред неколку години Пирс дури напиша и објава за ова, која сега е избришана.
„Пријателите ѝ рекоа да прави операција за да ја намали тежината. Но, јас ја сакам секоја облина на нејзиното тело.
Таа е најубавата жена во моите очи. Исто така, таа е мајка на нашите пет деца. Во минатото, ја засакав за нејзиниот карактер, не само за нејзината убавина.
Сега ја сакам уште повеќе откако стана и мајка на моите деца. И, многу сум горд на неа и секогаш ќе барам начин да ја заслужам нејзината љубов“.
Кели не ги коментира навредите, но во 2024-та, сподели емотивна објава за нејзиниот изглед:
„Благодарна сум на моето тело за сè што ми даде и направи изминативе 60 години“.
Претходно, во 2006-та, Кели сподели дека е и горда на своите облини.
„Никогаш не ги кријам облините. Сакам да ги покажам рамената и вратот. Никогаш не се кријам во широка облека“.
Иако е факт дека луѓето ќе продолжат да коментираат за изгледот на Кели, повеќето можат само да завидуваат на љубовта што ја има со Пирс.
Тие се во брак од 2001 година, а Пирс не пропушта можност да каже нешто убаво за неа.
„Во Кели Шеј најдов прекрасна жена. Дури и ако барав уште милион пати, немаше да најдам жена како неа“, има изјавено актерот.
Спирова С. | Црнобело