Фрли жена во езеро, ѝ се заканил на бившата дека ќе ја убие: Мрачната страна на Бил Мареј
- Детали
- недела, 01 февруари 2026
Бил Мареј можеби изгледа како добра личност и уште подобар актер, но изминативе неколку години сè почесто се зборува за неговите гневни испади, малтретирањето колешки, па и физичките пресметки.

Со улогите во филмски хитови како Ghostbusters, Scrooged и Lost in Translation, Бил Мареј стекна репутација на еден од најталентираните холивудски актери.
Неговата кариера трае повеќе од половина век, а во 1980-тите и 1990-тите беше сеприсутен на филмското платно.
Но, изминативе неколку години сè почесто се зборува за проблематичното однесување на актерот, отколку за неговата професија.
Што знаеме за мрачната страна на Бил Мареј?
Поранешната сопруга го обвини за семејно насилство
Бил Мареј зад себе има два брака. Со првата сопруга Маргарет се венча во 1981-ва, а се разведе во 1996-та.
Следната година се венча со дизајнерката Џенифер Батлер, а таа поднесе барање за развод во 2008-ма. И, според изворите, во барањето го обвинила актерот за низа работи.
Наводно, актерот бил зависен од алкохол и марихуана, а кога бил отсутен од дома, честопати спиел со други жени.
Најморничави се обвиненијата за семејно насилство. Според Џенифер, тој често бил насилен, а еднаш ја удрил и по лицето, при што ѝ рекол дека имала среќа што не ја убил.
Впрочем, Џенифер била толку исплашена од него, што кога поднела барање за развод, побарала и забрана за приближување.
Разводот беше финализиран за само неколку недели, а се шпекулира дека Џенифер добила околу седум милиони долари од него. Самиот Бил, пак, ниту еднаш не се огласи за страшните обвиненија.
Се соочи со обвиненија од актерката Џина Дејвис
Во 1990 година, Бил Мареј и Џина Дејвис се појавија во комедијата Quick Change. Но, додека филмот се покажа како хит, снимањето било далеку од забавно за Џина.
Во своите мемоари од 2022 година, Џина раскажа случка во хотелска соба, каде се сретнала со актерот за да разговараат за сценариото.
Наместо да се фокусира на работата, Бил инсистирал да ја масира со електричен масажер.
„Многупати му реков не, но како да не ме слушаше“, пишува актерката.
Таа сподели и инцидент кој се случил за време на снимањето. Актерката вели дека ѝ било кажано да стои на едно место, но ова го разгневило Бил.
„Неколку секунди подоцна, Бил Мареј почна да мава предмети и во очите му се гледаше гнев, почна да ми вика и да ме пцуе“.
Во интервју, пак, Џина има изјавено дека пред да соработува со него, го гледала Бил како забавен актер со добра душа.
„Но, по лошото искуство со него, уште на првиот ден на снимањето, го гледав знаејќи што се крие под површината“.
Бил насилен и кон други колеги
Во 1991 година, Бил Мареј се појави во филмот What About Bob? Со колегата Ричард Драјфус. Како Џина Дејвис, и тој имал лошо искуство во Мареј.
Актерот речиси секогаш бил пијан и имало ситуации кога станувал и насилен.
„Тој беше пијаница и насилник, ништо друго“, сподели Ричард во интервју.
Тој раскажа и ситуација кога Бил барал да се прават промени во сценариото, а бил под дејство на алкохол. Одеднаш почнал да му црка на Ричард, па дури и фрлил пепелник кон него.
За ова, Бил Мареј само сподели дека имало тензија меѓу него и Ричард.
„Јас и Ричард не се сложувавме многу, но тоа функционираше за филмот“.