Фрли жена во езеро, ѝ се заканил на бившата дека ќе ја убие: Мрачната страна на Бил Мареј

Фрли продуцентка во езеро

Филмската продуцентка Лора Зискин исто така работеше на филмот What About Bob?, а и таа имала лошо искуство со Бил Мареј.

Во една пригода тие почнале да се расправаат додека стоеле покрај езеро. Бил се разгневил и буквално ја фрлил Лора во водата.

„Бил ми се закануваше и дека ќе ме фрлел на паркингот, а потоа ми ги скрши очилата за сонце. Бев многу гневна.

Сум работела на многу филмови и можам да кажам дека тоа не е нормално однесување (од актер)“, има изјавено Лора.

frli-zhena-vo-ezero-se-zakanil-na-bivshata-deka-kje-ja-bie-mrachnata-strana-na-bil-murej-07.JPG

Ја навредувал Луси Лиу

Бил Мареј глуми и во Charlie’s Angels од 2000 година, каде главните улоги им припаѓаат на Дру Баримор, Камерон Диаз и Луси Лиу.

А, додека траело снимањето, актерот и Луси Лиу воопшто не се согласувале

„Еднаш, кога пробувавме сцена, Бил почна да ме навредува. Нема да навлегувам во детали но не престануваше со навредите.

Зборовите што ги користеше беа неприфатливи и не планирав да ги трпам. Па, да, истапив за себе и не жалам за тоа“.

frli-zhena-vo-ezero-se-zakanil-na-bivshata-deka-kje-ja-bie-mrachnata-strana-na-bil-murej-08.JPG

Нападнал режисер

Повторно на сетот на Charlie’s Angels, Бил Мареј го нападнал и режисерот.

Режисерот самиот ја сподели приказната, иако истакна дека вакви работи честопати се случувале на филмски сетови.

„Мислам дека не сум правел филм каде немало некаква физичка пресметка. Многу познат актер ме има удрено со главата, директно во мојата глава.

Да ме удреше малку подолу, ќе ми го скршеше носот. Не треба да кажувам, но ме удри Бил Мареј“.

Бил Мареј остро негираше дека го нападнал режисерот и само кажа дека имал многу бујна имагинација.

frli-zhena-vo-ezero-se-zakanil-na-bivshata-deka-kje-ja-bie-mrachnata-strana-na-bil-murej-09.JPG

Со лошото однесување ја прекина целата продукција на филм

Во 2022 година, Бил Мареј работеше на филмот Being Mortal, во режија на Азис Ансари.

Но, продукцијата на филмот беше целосно запрена поради лошото однесување на Бил.

Прво изворите споделија дека филмот е ставен на пауза, за по некое време да потврдат дека целиот проект е прекинат.

Драмата почнала кога актерка, која била многу помлада од Бил, го обвинила дека почнал да ја допира и да ја бакнува.

frli-zhena-vo-ezero-se-zakanil-na-bivshata-deka-kje-ja-bie-mrachnata-strana-na-bil-murej-10.JPG

Наводно, Бил ѝ платил 100.000 долари за да ја замолчи, но таа одлучила да го сподели лошото искуство.

Кога беше прашан за вознемирувањето на актерката, тој само кажа дека било недоразбирање:

„Направив нешто што мислев дека е смешно, но беше сфатено погрешно“.

Режисерот веднаш го избркал Бил Мареј, но станало јасно дека ќе треба да направат огромни промени во сценариото за да продолжат без него. Па, засега нема информации дали некогаш филмот ќе биде завршен.

frli-zhena-vo-ezero-se-zakanil-na-bivshata-deka-kje-ja-bie-mrachnata-strana-na-bil-murej-11.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Педро Паскал „уловен“ како се гушка со дечко, бивши на друг познат актер (фото) Осамнаа папарацо фотки како Педро Паскал разменува нежности во неделата со бивши...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...

Најчитани неделава