Таткото на Никола Пелц се огласи првпат по драмата со Бекамови: „Ќерка ми и Бруклин се супер, им посакувам долг брак“

„Моето семејство било во медиумите неодамна? Не сум забележал...“ - се пошегува прво таткото на Никола, а потоа рече: „Ќерка ми и Бекамови не се тема на разговор, но ќе ви кажам, ќерка ми и зет ми се супер, им посакувам долг брак. Советот што им го давам е да бегаат од медиумите“. 

tatkoto-na-nikola-pelc-se-oglasi-prvpat-po-dramata-kjerka-mi-i-bruklin-se-super-im-posakuvam-dolg-brak-01.jpg

Таткото на Никола Пелц, Нелсон, е милијардер, за кој се зборува дека на неговата 31-годишна ќерка ѝ дава џепарлак од 1 милион долари месечно, а со неговите пари наводно се издржува и нејзиниот сопруг Бруклин Бекам.

tatkoto-na-nikola-pelc-se-oglasi-prvpat-po-dramata-kjerka-mi-i-bruklin-se-super-im-posakuvam-dolg-brak-07_copy.jpg

Семејството Бекамови е главна тема во медиумите и јавноста веќе подолг период заради нивната драма со Бруклин, која ескалираше откако неодамна најстариот син за првпат се огласи и изнесе непознати детали против родителите.

tatkoto-na-nikola-pelc-se-oglasi-prvpat-po-dramata-kjerka-mi-i-bruklin-se-super-im-posakuvam-dolg-brak-04.jpg

Дејвид и Викторија не одговорија на обвиненијата и критиките, напротив, неколку дена подоцна, заедно со останатите три деца, се појавија на настан посилни од кога било, иако зад затворени врати можеби односите се скршени.

Бекамови првпат во јавност по драмата со Бруклин - Дејвид ја држи Викторија за рака, не реагираат на провокации од папараците

Во меѓувреме преку своите објави и изјави тие испраќаа скриени пораки кон синот Бруклин, додека пак, семејството на Никола се држи настрана откако го придобија зетот.

tatkoto-na-nikola-pelc-se-oglasi-prvpat-po-dramata-kjerka-mi-i-bruklin-se-super-im-posakuvam-dolg-brak-08.jpg

Сега за првпат, таткото на Никола јавно беше прашан за мислење на оваа тема, а иако избегна директно да одговори, сепак даде краток коментар.

83-годишниот бизнисмен присуствуваше на настан за финансии, каде големите умови дискутираа на оваа тема, но во делот за поставување прашања, доби и приватно прашање меѓу редови.

tatkoto-na-nikola-pelc-se-oglasi-prvpat-po-dramata-kjerka-mi-i-bruklin-se-super-im-posakuvam-dolg-brak-09.jpg

Тој беше прашан дали со оглед на своето искуство во преговарање и јавни односи, им дава совети на ќерката и зетот како да се справуваат со тешка ситуација, посебно кога станува збор за нешто што е излезено во јавност.

Нелсон прво се пошегува велејќи:

„Моето семејство било во медиумите неодамна? Јас не сум забележал...“, па потоа одговара:

„Да, им давам, а понекогаш и тие ми даваат совет. Мојот совет е да се бега настрана од медиумите. Мислам, колку добро направи тоа?

tatkoto-na-nikola-pelc-se-oglasi-prvpat-po-dramata-kjerka-mi-i-bruklin-se-super-im-posakuvam-dolg-brak-06.jpg

Но знаете, мојата ќерка и Бекамови се сосема друга приказна и тоа не е тема на разговор овде денес.

Но ќе ви кажам, ќерка ми е супер, мојот зет Бруклин е супер и се надевам дека ќе имаат долг и среќен брак“.

Погледнете го видеото:

Инаку, богатството на Нелсон е проценето на 1.6 милијарди долари, што е значително повеќе од она на Бекамови, од 680 милиони долари.

Прочитајте повеќе: Дедо милијардер, баба модел: Што знаеме за „новото семејство“ на Бруклин Бекам?

  М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бруклин Бекам прозборе за семејната драма, откако се посрамоти на голф натпревар: „Имам прекрасна со... По голф натпревар на кој беше критикуван дека „нема никаков талент“, Бруклин Бек...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Колку се лоши рецептите на Бруклин Бекам (кој пробува да стане готвач откако не успеа како фотограф)... „Неговиот рецепт за правење тост во тостер ми го промени животот“, гласи саркаст...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....

Најчитани неделава