Бившиот на скандалозната Кјара Ферањи има нова девојка – се шпекулира дека е бремена со неговото трето дете
- Детали
- четврток, 05 февруари 2026
По разводот со Кјара Ферањи и скандалите кои ја следеа, се откри дека тој имал љубовница од првиот ден на нивниот брак, а сега има нова девојка, за која се шпекулира дека е бремена и носи машко дете, наводно ја виделе како го крие стомачето на зимување – ова ќе биде трето дете за италијанскиот рапер Федез.

Една од најпознатите инфлуенсерки, Италијанката Кјара Ферањи беше во брак со италијанскиот рапер Федез, со кого има две деца, а на Инстаграм прикажуваа идилични семејни односи.
Сепак, излезе дека зад затворени врата ситуацијата не била таква, а во текот на целиот брак, тој имал љубовница заради која дури се мислел и дали да ја остави пред олтарот Кјара.
Како изгледа љубовницата која ја имал сопругот на најубавата Италијанка, од првиот ден на нивниот брак?
Во 2024-та тие објавија дека се разведуваат, а во меѓувреме Ферањи беше дел од скандал со измама, заради што ѝ се закануваше и затвор, а богатството ѝ се намали откако брендовите ги прекинаа соработките со неа.
Детали за скандалот со донации на инфлуенсерката Кјара Ферањи – може да помине и 20 месеци во затвор
Сега двајцата живеат засебен живот, а Федез од летото 2025 година е во врска со нова девојка, Џулија Хонегер, која пробува да ја чува настрана од јавноста, но повремено објавува некоја љубовна фотографија.
Новиот пар деновиве е главна тема во италијанските медиуми, во кои се пишува дека според гласини и извори, Џулија е бремена.

Тие наводно го знаат и полот на бебето и очекуваат момче, а ако шпекулациите се вистина, ова ќе биде трето дете за Федез.

Гласините започнале пред неколку недели, кога од италијански магазин објавиле фотки од парот на одмор во Сент Мориц, а наводно постојано го криеле стомачето под бунда.

М. М. | Црнобело