Има церебрална парализа, речиси го изгубил животот на 13 години: Кој е братот близнак на Ештон Кучер?
Не сака да биде јавна личност
Додека Ештон Кучер изгради успешна кариера во Холивуд, брат му Мајкл завршил економски факултет и почнал да работи во својата струка.
Пред неколку години сподели дека наскоро треба да добие менаџерска позиција во фирмата каде што работи.
Покрај вообичаената работа, тој е дел од организација која им помага на лица со инвалидитет да најдат негуватели и асистенти.
Истовремено, Мајкл е активист кој се залага за зголемување на свесноста за церебралната парализа.

Краток период не зборуваше со Ештон
Иако Ештон и Мајкл биле особено блиски уште од детството, во 2003 година имаа конфликт.
Тој период, во интервју, Ештон првпат откри дека брат му има церебрална парализа.
Ова воопшто не му се допаднало на Мајкл бидејќи си ја ценел приватноста.

„Бев многу гневен. Многу, многу гневен. Не сакав јас да бидам лицето што ќе ја претставува церебралната парализа. Никогаш не зборував за тоа“, има споделено Мајкл.
Но, набрзо смириле и Мајкл им изјавено дека со тоа што ја сподели неговата приказна, Ештон му помогнал подобро да се прифати себеси.
Вели, брат му го научил да се сака, наместо да ја крие својата болест.

Во брак е и има син
Мајкл е во среќен брак, а во 2005 година, со сопругата доби и дете.
Исто така, тој се грижи и за двете деца што неговата сопруга ги добила од претходна врска.
Идентитетот на неговата сопруга не е познат.

Спирова С. | Црнобело