Побарала развод на Валентајн, Џејда пробала да им го спаси бракот: Која е првата сопруга на Вил Смит?
Џејда пробувала да му го спаси бракот
Џејда има изјавено дека иако ѝ се допаѓал Вил, се обидувала да му помогне да си го спаси бракот.
„Неколку месеци откако вистински се вљубив со Вил, тој ми кажа дека сакал да ѝ даде уште една шанса на врската со Шири…
Ми течеа солзи, но сфатив дека ова не е за мене или за нас. Ова е за двегодишниот син на Вил и Шири, Треј.
Најсмирено што можев му реков ’Морате да се обидете. Имате и дете‘. Знаев дека ова е најдобрата одлука.
Поминаа две ужасни недели, а потоа Вили Шири одлучија дека сепак ќе се разведат“.
Вил смета дека разводот од Шири е неговиот најголем неуспех во животот
Во емисијата на Џејда, Вил зборуваше како се чувствувал за време на разводот, истакнувајќи дека тогаш, тоа бил неговиот најголем неуспех.
„Многупати сум бил повредуван во животот, но мислам дека ништо не ме допрело како разводот од мајката на мојот син“.
Актерот вели дека разводот имал влијание и врз односот со син му Треј.
„Не било секогаш вака за мене и Треј. Се мачевме со години по мојот развод од мајка му. Тој се чувствуваше предадено и напуштено.
Луд благослов е што ја поправив врската со мојот убав син“, има напишано Вил на Инстаграм објава со Треј.
Денес и Џејда и Вил се блиски со Шири
Нормално, Џејда и Шири не биле во добар однос по разводот на Вил и Шири. Имале жестоки караници, без разлика што било јасно дека бракот на Вил и Шири е завршен.
Сепак, со текот на времето успеале да го подобрат односот.
Вил остана близок со Шири поради нивниот син, но и Џејда сега ја гледала како блиска пријателка.
Треј, пак, имал навика да ја нарекува Џејда „бонус мајка“.
Вил и Шири, пак, се толку блиски, што некогаш заедно одат на патувања, без Џејда.
Сметале дека отсекогаш било важно Треј да гледа здрава динамика меѓу нив и затоа продолжиле да се однесуваат и како пар.
Спирова С. | Црнобело
