Поранешен полицаец за мистериозната смрт на Курт Кобејн: „Дефинитивно е убиен, многу работи се сомнителни“
Иако, како што спомнавме, одамна се шпекулира дека Курт е убиен, но тоа што и поранешен полицаец верува во теоријата е во најмала рака чудно.
„Го имам прочитано целиот случај и можам да ви кажам што кажуваат доказите бидејќи целиот живот го работев тоа.
И, доказите кажуваат дека ова не е самоубиство“, вели полицаецот.
Полицаецот истакнува дека имал пристап до целата документација и сите докази, а ова било доволно да го убеди дека има пропуст во истрагата.
Тој додава дека наративот за самоубиството почнал уште кога го нашле телото. Па, смета дека детективите тргнале од првичната претпоставка и се држеле до неа без да ги земат предвид другите докази.
„Мислам дека работеа на истрагата додека веќе имаа одлучено дека станува збор за самоубиство“.
Иако музичарот бил најден со пушката во рака, полицаецот вели дека е чудно што рацете му биле многу чисти. Според него, ова не би се случило ако некој сам се застрела во главата со ловечка пушка.
Полицаецот смета дека со толку силен истрел, би требало да има крв на рацете на пејачот.
Што се однесува до вестите од минатата недела, случајот го разгледале и приватни форензичари кои дошле до заклучок дека случајот треба одново да се отвори.
Форензичарите ги анализирале резултатите од аутопсијата, како и фотографиите од домот на пејачот.
Забележале дека во неговиот систем имало неколку супстанции, како морфиум, дијазепам и хероин.
Според официјалниот извештај, пејачот веројатно си инјектирал хероин и се застрелал.
Но, приватните истражувачи велат дека тој имал преголемо количество хероин во организмот и дека е поверојатно некој да му го инјектирал за да го онеспособи.
Забележале и дека шприцот со кој бил инјектиран хероинот е малку оштетен, што укажувало на тоа дека била искористена сила. Односно, поверојатно било дека некој насилно го инјектирал.
И покрај многуте нерегуларности наведени од приватните форензичари, засега надлежните не планираат одново да ја отворат истрагата за смртта на Курт Кобејн.
Спирова С. | Црнобело