Поранешен полицаец за мистериозната смрт на Курт Кобејн: „Дефинитивно е убиен, многу работи се сомнителни“
- Детали
- четврток, 19 февруари 2026
Десетина дена откако приватни форензичари споделија дека по нивната независна истрага заклучиле дека Курт Кобејн е убиен, пензиониран полицаец вели дека се согласува со нивните наоди. И тој самиот имал шанса да ги разгледа сите докази и вели дека многу работи се сомнителни.

Кога се во прашање теории на заговор за славни личности, една од најпознатите е смртта на Курт Кобејн, некогашниот фронтмен на Nirvana.
Музичарот беше пронајден мртов во неговиот дом во Сиетл, а како причина за смртта е наведено самоубиство. Но, не така мал дел од јавноста смета дека пејачот можеби бил убиен.
Теоријата на заговор повторно се најде во центарот на вниманието минатата недела, кога почнаа да се откриваат нови детали од аутопсијата.
Сега, пак, и пензиониран полицаец од Сиетл вели дека отсекогаш се сомневал во целата приказна.
Нил Лоу, кој работел 50 години како полицаец, за Daily Mail открива дека во 2005 година добил наредба да направи ревизија на случајот.
И, тогаш сфатил дека оние кои работеле на истрагата требало да го третираат случајот и како можно убиство.
Според официјалната истрага, Курт Кобејн се застрелал со ловечка пушка, но многу од доказите не се совпаѓале со овој наратив.
„Јас не верувам дека Курт би си го направил тоа“, вели полицаецот кој додава дека целата истрага била погрешно изведена.
Вели дека имало многу аномалии и контрадикторни докази.
„Важен фактор кај извештаите е човечката грешка – нешто слушнато погрешно, нешто неразбрано, заборавени детали…
Оние кои работеле на случајот биле водени во погрешна насока. Можеби и јас би го направил истото, но сега мислам дека е убиство и верувам дека случајот треба одново да биде отворен“.
Курт Кобејн починал на 5-ти април, но бил пронајден три дена подоцна од електричар кој требало да врши поправка во неговиот дом.
Ловечката пушка била најдена во неговите раце, а во близина имало и порака напишана од музичарот.