Како сопругата му покажа љубов со еден потег на „доктор Слоун“ од Grey’s Anatomy, кој почина на 53 години?
Имаат две деца
Во 2010 година, Ерик и Ребека ја добија првата ќерка Били, а актерот откри дека ја крстиле по неговиот татко кој изврши самоубиство.
Потоа, во 2011-та тие ја добија и втората ќерка, Џорџија.
Во 2018-та Ребека поднесе барање за развод
Во изјава за магазинот People, Ерик ги потврди шпекулациите дека Ребека поднела барање за развод:
„По 14 години заедно, сфативме дека разводот е најдобрата одлука за нашето семејство.
Ќе го продолжиме нашето пријателство и заедно ќе се грижиме за нашите девојчиња бидејќи тие ни се најважното нешто“.
Како причина за разводот, Ребека навела ненадминливи разлики. Исто така, побарала заедничко старателство.
Сепак, и покрај барањето за развод, актерите не го финализираа, а во 2019-та биле и предупредени да го забрзаат процесот.
Во спротивно, судијата им рекол дека целата постапка може да биде прекината.
Тие и како да продолжија да функционираат како пар – неколкупати заедно беа на одмор со нивните ќерки.
Ребека го повлече барањето за развод
Во март 2025-та, седум години откако го поднесе барањето за развод, Ребека се премисли и го повлече. Па, тие останаа во брак.
Еден ден пред Ерик да ја открие својата дијагноза, Ребека изјави дека нивниот брак го гледа како успешна приказна.
„Заедно одлично функционираме како родители. Уште сме во брак и бевме заедно 15 години, заедно имаме две прекрасни деца и мислам дека тоа е успешна врска“.
Следниот ден, Ерик откри дека има амиотрофична латерална склероза, а истакна и дека Ребека му е најголемата поддршка.
„Зборувам со неа секој ден. Успеавме да станеме подобри пријатели и подобри родители. Таа е мојата најголема поддршка, се потпирам на неа“.
Прочитајте и: Татко му извршил самоубиство, страдаше од депресија и зависност: Тажни детали од животот на Ерик Дејн
Спирова С. | Црнобело
