Највпечатливите парови на BAFTA 2026 – Вилијам и Кејт тензични, Кајли Џенер вљубена
- Детали
- понеделник, 23 февруари 2026
Принцот Вилијам и принцезата Кејт првпат по долго време се појавија заедно на настанот и беа чудни и тензични, Кајли Џенер и Тимоти Шаламе позираа вљубено фатени за рака, а Кирстен Данст насмеана покрај саканиот – највпечатливите парови на BAFTA 2026.

Британските филмски награди се одржаа на 22 февруари, по 79-ти пат во Лондон, каде им беше оддадена чест на најдобрите национални и странски филмови за 2025.
Бројни звучни имиња од индустријата во Британија беа присутни на настанот, а посебен впечаток оставија принцот Вилијам и принцезата од Велс, Кетрин.
Тие се појавија на настанот заедно првпат по 2023, кога Кејт ја доби дијагнозата со рак, но нивниот однос беше чуден и малку тензичен, а хемијата помеѓу нив беше речиси непостоечка.
Сепак, со својот изглед и појава, заедно со уште неколку парови, издоминираа:
Принцот Вилијам и принцезата Кетрин



Пол Мескал и Грејси Абрамс



Кајли Џенер и Тимоти Шаламе
