Беше најомразената жена во 1990-тите - Каков живот води денес вдовицата на Курт Кобејн?
- Детали
- недела, 01 март 2026
Само мал број личности во музичкиот свет предизвикуваат толку поделени мислења и реакции како Кортни Лав, вдовицата на Курт Кобејн. Со децении беше синоним за контроверзии и хаос, но по турбулентниот живот и кариера во Лос Анџелес, денес живее во Лондон, далеку од нештата што направија да го добие епитетот „најомразената жена на светот“.

Кортни Лав (61) ја почна својата музичка кариера во 1980-тите, но публиката почна да го препознава нејзиниот лик кога ја основаше гранџ групата Hole, во која беше и пејачка и гитаристка.
Нивниот деби албум Pretty on the Inside критичарите го опишаа како „бескомпромисна манифестација на женскиот бес“.

Но, албумот Live Through This ги вивна во врвот на светската музичка сцена.
Објавен само една недела по самоубиството на нејзиниот сопруг, Курт Кобејн, албумот достигна милионски тиражи и се смета за ремек-дело на американската гранџ музичка ера.

Целата нејзина кариера беше исполнета со контроверзии.
Бракот со Кобејн беше под лупата на медиумите, кои ја користеа секоја прилика за да пишуваат за нив, за нивната зависност од наркотици, но и насилните моменти меѓу сопружниците.

Иако во јавноста најчесто делуваа складно, зад затворени врати честите расправии се претворале во физички пресметки.
Vanity Fair пишуваше дека Кортни земала хероин во текот на бременоста, поради што привремено го изгуби старателството над ќерката Френсис Бин, а покрена и лавина јавни осуди.

По смртта на Кобејн, почнаа теориите на заговор против неа кои велеа дека таа го нарачала неговото убиство и дека е исценирано како тој да се самоубил.
Во 2000-тите неколкупати беше апсена, присилно беше испраќана на рехабилитација и имаше многу правни проблеми.

Но, пред неколку години, Кортни Лав реши да сврти нов лист.
Се пресели во Лондон, а во едно интервју изјави дека тоа го направила за да побегне од токсичната средина на славните во Лос Анџелес.

Денес јавно зборува за својата долгогодишна зависност, но и за трезвеноста, а води мирен живот и посветена е на креативни проекти.
Таа пишува мемоари, подготвува нов соло албум, а од неодамна има и своја радио серија на BBC, Cortney Love’s Women, во која го истражува влијанието на жените во музиката.

Годинава ќе излезе и документарен филм за неа, Antiheroine, кој публиката го исчекува со големо внимание.
Што се однесува, пак, до нејзината врска со ќерката, таа е со години нестабилна.

Откако судот ѝ го одзеде старателството над ќерката, во 2012 година ѝ изрече и забрана за да ѝ приоѓа.
Сепак, по неколку години тие се појавија заедно во јавноста.

Погледнете повеќе фотографии:










А. Ј. | Црнобело