Таа го тепала, а тој ја ограбувал, се разведуваа 4 години: Бурниот брак на Лајза Минели и Дејвид Гест
- Детали
- сабота, 28 февруари 2026
Лајза Минели и Дејвид Гест ја почнале врската истата ноќ кога се запознале. Си го кажале првото „те сакам“ по 48 часа, а само една недела подоцна, живееле заедно. Направија свадба со 850 гости, но по медениот месец Лајза станала насилна, а Дејвид почнал да краде пари од неа.

Не недостасуваат бурни моменти од животот на легендарната Лајза Минели, но можеби најмногу се истакнува нејзиниот релативно краток брак со Дејвид Гест.
Бракот на Лајза и продуцентот траеше само 16 месеци, но Лајза вели дека се чувствувала како да поминале 16 години.
Се чувствувала како затвореничка, а самиот брак го опишува како „трауматичен и луд“.
Тие се венчаа во 2002-ра, се разделија околу една година подоцна, но разводот беше финализиран дури во 2007-ма, по бројни тужби.
Што знаеме за лудиот брак на Лајза и Дејвид?
Лајза и Дејвид се запознале преку заеднички пријатели, а ја почнаа врската во јуни 2001 година.
Своевремено, Дејвид има изјавено дека веднаш се вљубил.
„Во неа можев да видам млада девојка која сака да биде љубена. Веднаш ’паднав‘ на нејзиниот шарм“.
Всушност, тие ја почнале врската веднаш откако се запознале, првото „те сакам“ си го кажале по 48 часа, а само една недела подоцна, веќе живееја заедно.
Неполн месец откако ја почнаа врската, Дејвид ја запроси со дијамантски прстен.
Овој период Лајза водеше бита со алкохолизам и зависност од лекови од болка. Но, новата љубов ја натерала да оди на рехабилитација, иако кратко по венчавката му се вратила на порокот.
Во март 2002 година, Лајза и Дејвид ја имаа можеби најраскошната холивудска свадба дотогаш.
Околу 850 гости присуствувале на гламурозниот настан каде, според гостите, сите биле облечени во „дијаманти и крзно“.
Нормално, меѓу гостите биле некои од најпознатите луѓе во светот како Мајкл Џексон, Дијана Рос, Доналд Трамп, Марта Стјуарт, Ентони Хопкинс, Џоан Колинс…
Иако ова бил четвртиот брак за тогаш 56-годишната Лајза, таа беше децидна дека конечно го нашла вистинскиот. На денот на свадбата, Дејвид имаше 48 години.
По венчавката, Лајза и Дејвид организираа забава во луксузен хотел каде што гостите ги забавувал огромен оркестар.
Имало и 54 различни точки, вклучувајќи настапи на познати пејачот, додека тортата била на девет ката.
Веднаш по свадбата, Лајза и Дејвид заминаа за Лондон, на нивниот меден месец.
Оттаму се упатија кон Тајланд и во наредните неколку месеци изгледаа како најсреќниот пар на светот. Но, ова не траеше долго.