Се свршија по 10 дена врска, двапати се разведуваа: Која е втората (и трета) сопруга на Илон Маск?
- Детали
- петок, 20 март 2026
Илон Маск имал 37, а Талула Рајли 22 години кога се запознале. Веднаш почнаа врска, се свршија по десет дена, а набрзо потоа и се венчаа. Но, во период од неколку години, се разведоа, повторно се венчаа, па поднесоа неколку барања за развод за кои се премислуваа.

Илон Маск има три неуспешни бракови, а со втората сопруга, Талула Рајли, се венча двапати.
Актерката Талула била во раните 20-ти кога го запознала тогаш 37-годишниот милијардер, а се свршиле по неполн месец заедно.
Што знаеме за нивната врска?
Во 2000-тите, Талула Рајли беше ѕвезда во Англија поради улогите во неколку британски филмови, како Pride & Prejudice, а привлекуваше внимание и со својот стил.
Во 2008 година, во Лондон, првпат го сретнала Илон Маск.
Тогаш Талула имала 22, а Илон 37 години, но очигледно возрасната разлика не им претставувала проблем.
Овој период Илон само што се имаше разделено од првата сопруга Џастин Вилсон.
Талула има изјавено дека веднаш ѝ се допаднал бидејќи бил „срамежлив и сладок“.
„Ми рече ’Може ли да ја ставам раката на твоето колено‘ и му реков во ред. Мислев дека е слатко што ме праша.
Потоа ми рече ’Обично не го правам ова, но би сакал да те видам утре. Може ли да се сретнеме за појадок?‘. Па, отидовме на појадок“, сподели Талула во интервју за BBC.
По појадокот, Илон ја поканил на ручек и таа прифатила, а ја поканил и на вечера.
„Потоа една вечер се сеќавам дека ме праша дали сакам да одиме во неговата хотелска соба и да гледаме видеа за ракети.
Отидовме и навистина ми покажуваше видеа со ракети“, раскажува Талула.
Само десет дена подоцна, Илон ја побарал за жена и Талула прифатила.
Тој период таа се пофали и дека Илон ѝ бил првиот сексуален партнер.
„Немав спиено со никој освен со Илон, што беше навистина убаво“.
Талула и Илон се венчаа во 2010-та, но по само две години, Илон побарал развод.
Талула доби 16 милиони долари од разводот, за набрзо потоа, повторно да почнат врска.
