Се свршија по 10 дена врска, двапати се разведуваа: Која е втората (и трета) сопруга на Илон Маск?
Како што вели самата Талула, се зближиле додека правеле спогодба за разводот, па решиле да ѝ дадат уште една шанса на врската.
Набрзо потоа, во 2013-та, повторно се венчаа, но веќе во 2014-та Илон поднесе барање за развод.
По седум месеци уште еднаш се премисли и го повлече барањето.
На крај, Талула донела одлука конечно да стават крај, откако околу половина година живееле одвоено.
Овој период Илон прозборе за последната разделба, споделувајќи дека се надевал дека нема да мора да се разделат.
„Неколку месеци бевме одвоени за да видиме дали далечината ќе нè зближи.
За жал, тоа не се случи. Уште ја сакам, но не сум вљубен во неа. И, не можам да ѝ го дадам тоа што го сака“.
И Талула има изјавено дека уште го почитува и сака Илон, па дури и го има наречено „совршен поранешен сопруг“.
По разделбата, Талула веќе не беше активна во филмската индустрија, а потоа почна и врска со актерот Томас Броди Сангстер, најпознат по улогите во Game of Thrones, Queen’s Gambit и The Maze Runner.
Во 2024-та тие се венчаа, а на свадбата присуствуваше и Илон Маск.
Денес Талула гордо кажува дека е домаќинка и со сопругот живеат на фарма каде што имаат пчели, кокошки, патки и овци.
„Среќата, за мене, се чини дека е пропорционална со бројот на кокошки кои ме будат секое утро.
Сега сум во своите 30-ти и уживам во руралната идила“, сподели Талула во неодамнешно интервју.
Прочитајте и: Првото дете им почина, се венча со друга жена 6 недели по разводот: Детали за првиот брак на Илон Маск
Спирова С. | Црнобело
