„Ја понижува и сигурно ја мрази“: Бени Бланко повторно критикуван, откако Селена му ги бакна валканите стапала
- Детали
- четврток, 12 март 2026
Покрај одвратните навики и бизарниот момент кога Селена му ги бакна стапалата, сега некои шпекулираат дека Бени воопшто не ја сака пејачката и дека бракот е лажен. Некои одат дотаму што велат дека можеби тој е геј бидејќи секогаш бил посреќен во машко друштво, отколку со сопругата.

Сопругот на Селена Гомез, Бени Бланко, периодов привлекува повеќе внимание од вообичаено, но не бидејќи е во брак со популарната пејачка.
Моментално „на тапет“ се неговите (не)хигиенски навики кои до толку ги згрозуваат фановите на Селена, што тие почнаа да ја молат да го остави.
Откако 38-годишниот продуцент беше критикуван за неговите валкани стапала, на виделина излегоа и неговите други одвратни навики, како признанието дека не секогаш користи шампон и дека сака да јаде додека се тушира.
Набрзо потоа, Селена се појави во новиот поткаст на Бени и пред камера му ги бакна стапалата.
Бени седеше на кауч, со едната нога на масичката пред него, кога Селена клекна на подот и му го бакна стапалото.
Продуцентот прокоментира дека му се допаднал гестот на сопругата.
„Убаво ми е. Многу те сакам“, ѝ рече на Селена.
Тогаш Бени спомна и дека едвај се воздржувал за да не претера со бакнежи и прегратки со Селена кога се во јавност.
„Сакам постојано да ја бакнувам, па тоа што ми го бакна стапалото навистина ми го разубави денот“.
Слатките коментари насочени кон сопругата сепак беа засенети од бизарниот бакнеж и социјалните мрежи беа преплавени со критики.
„Ова е најодвратното нешто што сум го видел“.
„Бени и Селена се најдовратниот пар“.
„Ја сакам Селена но зошто си го прави ова?“
„Ако го прави ова во јавност, којзнае што прави кога не ја гледа никој“.
Некои коментираат и дека со ова Бени само ја понижува Селена.