„Ја понижува и сигурно ја мрази“: Бени Бланко повторно критикуван, откако Селена му ги бакна валканите стапала
Бидејќи Бени претходно има изјавено дека не се туширал редовно, како и дека не секогаш користел шампон, реши повторно да зборува на оваа тема.
Во неговиот поткаст гостуваше Ед Ширан, а продуцентот го праша дали се тушира секој ден.
„Да, некогаш двапати дневно, најчесто двапати дневно“, му одговори пејачот.
На големо изненадување на јавноста, Ед го пофали Бени за неговата хигиена:
„Но, се чувствувам како да не мирисам добро. Ти си личноста која мириса најубаво“.
На ова, Бени одговори дека знаел дека мириса добро.
Сепак, гостинка во поткастот (сопругата на другиот водител) сподели дека луѓето често коментирале дека Бени има „специфичен мирис“.
На 8-ми март Бени славеше роденден, а Селена сподели неколку фотки од прославата на Инстаграм Стори.
И овој пат парот се соочи со критики, но сега некои почнаа да коментираат дека Бени воопшто не ја сака Селена и само ја понижува.
На една фотографија Селена и Бени позираат на подиум во дискотека, а пејачката е застаната во провокативна поза додека го бакнува. Но, Бени делува дури ладнокрвно.
Почнаа да се споделуваат други заеднички фотографии од парот, на кои Бени навистина делува незаинтересирано кон Селена.
Некои одат дотаму и што велат дека Бени изгледа посреќно во друштво на мажи, па можеби е геј.
„Зошто секогаш изгледа како да ја мрази? Секогаш пробува да се тргне од неа, а само таа го прегрнува“.
„Имам дечко и јасно ми е дека нема на сите фотки да изгледаме вљубено. Но, на сите фотки од нив, изгледа како Бени да не се ни труди“.
„Бени само признај дека си геј и стави крај на лажниот брак. Секогаш изгледа посреќно во друштво на мажи отколку со Селена“.
„Изгледа како да пробува да ја оттргне од него“.
Погледнете и: Не користи шампон, јаде додека се бања: Одвратните навики на Бени Бланко (што Селена Гомез ги игнорира)
Спирова С. | Црнобело