Скандалите на Лука Дончиќ - Со години се судеше со мајка му, сега води правна битка со бившата свршеница
- Детали
- сабота, 14 март 2026
Во 2018 година Лука почна правна битка против својата мајка, а по 5 години ја повлече тужбата. За што се судеа мајката и синот?

Словенечкиот кошаркар е еден од омилените во НБА - беше миленик на публиката уште додека играше за Далас Маверикс, но таа љубов и бројот на фанови се зголеми откако Лука беше „трејдан“ во Лос Анџелес Лејкерс.
Иако не беше среќен што без негово знаење челниците на Маверикс решија да се ослободат од него, кариерата на Лука како да тргна по нагорна линија кога ги здружи силите со Леброн Џејмс и момците од Лејкерси.
И иако кариерата му оди напред, во приватниот живот не му „цветаат рози“.

Познатиот кошаркар веќе неколку денови е во центарот на вниманието на јавноста и медиумите, особено откако по неколкумесечни гласини за проблеми во врската, тој потврди дека ја раскинал свршувачката со својата партнерка Анамарија Голтес.
Парот беше 10 години во врска, а се познаваат 15 и со години ги следеше репутација на складен пар.
Тие добија и две ќерки, Габриела во 2023 и Оливија во декември 2025.
И токму ќерките се причината поради која Дончиќ почна да води правна битка со својата некогашна свршеница.

Тој поднел жалба до словенечкиот суд да му дозволи итно да си ги види децата, откако не ги видел со месеци.
Тој од САД замина во Словенија за да присуствува на раѓањето на помалата ќерка, и според локалните медиуми, тогаш се случила кулминацијата во односот со Анамарија.
Имено, тој побарал кога ќе се врати во Лос Анџелес да ја земе со себе постарата ќерка, но поранешната свршеница освен што не му дозволила, откако тој си заминал од породилиштето, го пријавила во полиција.
Службениците на полицијата утврдиле дека Дончиќ не направил никаков прекршок и тој заминал во САД и скоро три месеци не си ги видел децата.

Откако и јавно призна дека ја раскинал свршувачката, Лука поднел барање до словенечкиот суд да му дозволи да си ги види ќерките по итна постапка.
Но, ни неговата свршеница не ги остави работите да течат мирно.
Таа преку адвокат во Калифорнија, побарала судот да ѝ одреди алиментација, односно сума што би ја плаќал кошаркарот за ќерките, за таа да може да ги издржува.
Некои медиуми шпекулираат дека барала и дел од неговиот имот, но бидејќи никогаш не се венчаа, најверојатно нема право на тоа и нема да добие ништо од богатството на Лука за себе.

