Се ожени синот на Шер роден како жена - Пејачката со дијамантски прстен на свадбата поттикна гласини дека се свршила
- Детали
- петок, 13 март 2026
Чез Боно, трансродниот син на Шер и Сони, направи свадба, на која неговата мајка се појави со огромен дијамантски прстен и ги поттикна гласините дека се свршила со 40 години помладиот дечко.

Чез Боно (57), трансродниот син на Шер и Сони Боно, се ожени со својата долгогодишна партнерка Шара Блу Мејтс.
Чез и Шара Блу
Парот е во врска од 2017 година и по скоро една деценија решија да се венчаат.

Чез, кој е роден како девојче, својата трансформација ја почна во 2007 година, а Шер секогаш му била поддршка и изјавувала дека се гордее со него.

Свадбата се одржа во хотелот Hollywood Roosevelt во Лос Анџелес со мал број гости.

Но, она што привлече поголемо внимание беше мајката на младоженецот, Шер (79) која на венчавката носеше огромен дијамантски прстен.

По оваа почнаа гласините дека се свршила со 40 години помладиот дечко, Александер Едвардс, со кого е во врска од 2022 година.

Пејачката не го потврди, ниту го негираше ова, иако пред Нова година изјави дека таа и Александер не планираат свадба.
Шер со синот и снаата во 2024 година