Роналдо во Мадрид, а Џорџина на ревија во Рим, откако скришно избегаа од војната во Саудиска Арабија со приватен авион
- Детали
- петок, 13 март 2026
Роналдо и Џорџина ја напуштиле Саудиска Арабија уште на 3-ти март со приватниот авион на фудбалерот. Тргнале среде ноќ, а по околу седум часа слетале во Мадрид каде што се верува дека престојуваат моментално.

Вчера (12.03) Кристијано Роналдо беше забележан во Мадрид, додека Џорџина присуствуваше на модна ревија во Рим.
Во добро расположение, 41-годишниот фудбалер беше фотографиран додека излегуваше од ресторан, во бела кошула и црни панталони.
За ревијата во Рим, пак, Џорџина носеше црн кадифен фустан, а во преден план беше огромниот свршенички прстен од Роналдо.
Роналдо и Џорџина веќе неколку години живеат во Саудиска Арабија која моментално е вмешана во војната помеѓу Иран и САД и Израел.