Мислеа дека ќе раскинат, но заедно се 3 децении: Зошто сите сакаат љубов како на Харисон Форд (82) и сопругата Калиста (60)?
- Детали
- сабота, 28 јуни 2025
Кога ја почнаа врската, сите предвидуваа дека ќе се разделат бидејќи Харисон имаше 60, а Калиста 38 години. Но, скоро три децении подоцна, познатиот пар покажа дека за нив, годините навистина се само број.

Харисон Форд и сопругата Калиста Флокхарт ја почнаа врската во 2002-ра. И, тогаш никој не веруваше дека ќе останат долго заедно, најмногу поради возрасната разлика меѓу нив која е цели 22 години.
Многумина ја спомнуваа и репутацијата на женкар што ја имаше ѕвездата од Indiana Jones.
И покрај сомнежите на јавноста, Харисон и Калиста останаа заедно сите овие години и денес имаат еден од најстабилните бракови во Холивуд.
Неколку детали за нивната љубов:
Калиста го направила првиот чекор (иако негира)
Харисон и Калиста се запознале во 2002 година, на доделување на награди, а има шпекулации дека таа го иницирала првиот разговор.
Наводно, Калиста намерно истурила вино врз актерот, за да има причина зошто да му прозборе, иако таа го негира ова:
„Разговаравме можеби 20-тина минути, кога се истури виното. И, да нагласам дека Харисон беше тој што го истури“.
Првиот состанок им бил чуден
Во периодот кога се запознале, Калиста само што посвоила дете, а Харисон бил среде развод, па ни двајцата не размислувале за врска.
Сепак, кратко по првата средба се договориле да одат на состанок кој бил далеку од пријатен. Имено, Калиста го замолила колегата и пријател Џејмс Мардсен да ѝ прави друштво. Па, првиот состанок всушност бил непријатна вечера на која имало тројца.
Оттаму, Харисон и Калиста сами отишле во домот на актерот на пијачка и се претпоставува дека оттогаш се заедно.
Низ годините, тие не откривале многу детали за нивната врска, а велат дека во голема мера, ова е и тајната за успехот на нивниот брак.
Сите очекуваа да раскинат
Калиста имаше 38, а Харисон 60 години кога ја почнаа врската.
Актерот дотогаш беше разведен двапати – со првата сопруга бил заедно од факултетските денови, а добија и две деца.
Но, откако актерот се прослави со франшизата Star Wars, почнаа да се јавуваат гласини дека ја изневерил сопругата, па се разделија. Подоцна Кери Фишер, колешката од Star Wars, потврди дека имале афера која траела три месеци.
Неколку години подоцна, Харисон се венча со втората сопруга, со која доби уште две деца, но по десетина години се разделија.
Во меѓувреме го поврзуваа и со многу славни жени, па поради бурниот љубовен живот на актерот и возрасната разлика, сите предвидуваа дека ќе се разделат.
Ги зближила љубовта кон летањето
Харисон Форд е лиценциран пилот, додека Калиста обожавала да лета со авион.
Па, актерот има откриено дека оваа заедничка љубов значително ги зближила уште на почетокот од врската.
„Калиста многу сака да лета и јас сум пресреќен бидејќи тоа ми е многу важно. Но, мислам дека во голема мера, сака да ме гледа додека јас правам нешто што го сакам“.
