Мислеа дека ќе раскинат, но заедно се 3 децении: Зошто сите сакаат љубов како на Харисон Форд (82) и сопругата Калиста (60)?

Се венчаа по седум години врска

Во 2009 година, на денот на вљубените, Харисон Форд ја побара Калиста за жена. Направија свадба следната година, во Санта Фе.

Денот го одбележаа со интимна церемонија, а набрзо потоа Харисон и официјално го посвои синот на Калиста.

А, низ годините, иако ретко зборуваат за бракот, Харисон не пропушта можност да ја пофали саканата за мајчинството.

site-mislea-deka-kje-raskinat-postar-e-22-godini-od-nea-ljubovta-na-harison-ford-i-soprugata-kalista-trae-skoro-3-decenii-12.JPG

„Таа е најдобрата мајка во светот. Станала мајка бидејќи сакала – го посвои Лиам пред да се сретнеме. Како самохран родител, презела огромна обврска.

Целосно му е посветена на Лиам и среќна сум што сега и јас сум дел од неговото воспитување“.

Тој додава и дека бил среќен што повторно се грижи мало дете, бидејќи додека да се венчаат со Калиста, неговите деца веќе беа пораснати.

„Таа ми донесе деца во домот. Прекрасно е да се биде дел од растењето на некое дете, како да е вечна пролет“.

site-mislea-deka-kje-raskinat-postar-e-22-godini-od-nea-ljubovta-na-harison-ford-i-soprugata-kalista-trae-skoro-3-decenii-05.JPG

Актерот доживеа страшна авионска несреќа

Во 2015 година, Харисон Форд доживеа страшна несреќа, откако неговиот авион се сруши во терен за голф. Актерот управувал со стар авион, а причина за несреќата биле проблеми со моторот.

Тој се стекна со сериозни повреди, а Калиста била покрај него постојано.

„Калиста пристигна во болницата кратко по Харисон. Беше со него до доцна во ноќта.

Следното утро, го однесе син ѝ на училиште и повторно се врати во болницата“, изјави тогаш извор за магазинот People.

site-mislea-deka-kje-raskinat-postar-e-22-godini-od-nea-ljubovta-na-harison-ford-i-soprugata-kalista-trae-skoro-3-decenii-02.JPG

Подоцна, откако актерот закрепна, Калиста откри дека тоа бил најстрашниот период од нејзиниот живот.

„Беше тежок, страшен период. Харисон имаше критични повреди и ова нè натера да ја цениме секоја секунда заедно. Мислам дека тогаш сфативме дека животот може да згасне за миг“.

По несреќата, Харисон откри дека Калиста никогаш повеќе не се качила во стар авион со него.

site-mislea-deka-kje-raskinat-postar-e-22-godini-od-nea-ljubovta-na-harison-ford-i-soprugata-kalista-trae-skoro-3-decenii-15.JPG

Никогаш не соработувале заедно

Иако и двајцата се актери, Харисон и Калиста никогаш заедно не се појавиле во филм.

„Такви биле околностите, никогаш не ни понудиле проект каде што ќе можеме да соработуваме. Но, секако дека би сала да работам со неа“, изјави актерот во интервју од почетокот на 2025-та.

Сепак, постојано се поддржуваат еден со друг, а и Калиста има изјавено дека нејзиниот сопруг ја заслужува целата популарност што ја има.

Минатата година, актерот доби почесна награда за животно дело на Critics‘ Choice Awards, за што Калиста изјави:

„Наградата беше многу емотивен момент и многу сум горда бидејќи кариерата на мојот сопруг е неверојатна и целото признание му е заслужено“.

site-mislea-deka-kje-raskinat-postar-e-22-godini-od-nea-ljubovta-na-harison-ford-i-soprugata-kalista-trae-skoro-3-decenii-04.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg