Дениз Ричардс (55) покажа како изгледа пред и по операцијата за фејслифтинг: „Сакав да ги вратам работите на свое место“
- Детали
- понеделник, 23 март 2026
„Сакав да ги вратам на место работите на лицето, како што беа претходно. Бев преплашена, но разликата пред и потоа е како ден и ноќ“ - вели Дениз Ричардс, која отворено зборува за операцијата со повеќе зафати на лицето и покажа како изгледала пред и по многуте процедури кои ги направила неодамна.

Убавицата и секс-симбол од 90-тите, Дениз Ричардс, денес има 55 години и изгледа прекрасно, но пред околу 8 месеци отиде „под нож“ за да го освежи своето лице и целосно да го поткрене и затегне.

Актерката сега отворено ја покажа трансформацијата на лицето, откако направила процедура за фејслифтинг.

Таа во интервју за Allure открива дека е во фокусот на јавноста уште од нејзините 20-ти години, па не би можела да скрие дека направила фејслифтинг и токму затоа нема проблем јавно да зборува за процесот.

„Сакав да ги вратам назад работите на лицето, како што беа претходно. Бев преплашена, но разликата пред и потоа е како ден и ноќ, шокантно е всушност“ – признава Дениз, која уште на 19 години ги има зголемено градите, но ова ѝ е прв пат да прави некаква козметичка операција на лицето.
2 дена по операција / 5 дена по операција / 8 дена по операција
За оваа голема козметичка процедура, Дениз се одлучила да му се довери на познатиот пластичен хирург од Беверли Хилс, Бен Талеи, кој открива дека направил повеќе зафати на нејзиното лице за да го постигнат совршениот резултат.

Докторот открива дека ги подигнал аглите на нејзините усни за устата да ѝ изгледа посреќно и посекси, направил минимална блефаропластика на очните капаци, процедура на челото, привремено подигнување на веѓите, земал масти од нејзините бутови и во тенок слој ги вбризгал на лицето и вратот за да изгледа помазно и поздраво и на крај е направен класичен фејслифтинг.
