Славна е само 2 години, но веќе е дрска и разгалена дива: Која е пејачката што сите ја замразија преку ноќ?
- Детали
- петок, 27 март 2026
Чапел Роун се прослави во 2024-та, но веќе ја сметаат за разгалена дива која неодамна расплака и 11-годишно девојче. Иако проба да се извини, нејзините фанови веќе ѝ вратат грб и велат дека ако не издаде уште еден хит, набрзо сите ќе ја заборават.

Изминативе година-две, Чапел Роун успешно се побива во музичката индустрија и веќе важи за една од по популарните млади пејачки.
Но, во последно време, 28-годишната ѕвезда многу повеќе внимание привлекува со контроверзното однесување.
Целата драма почна минатиот викенд (21-ви март) кога Чапел имала непријатна средба со 11-годишната ќерка на Џуд Ло.
Чапел појадувала во хотел во Сао Паоло, Бразил, а во тој миг таму отседнувала и 11-годишната Ада која, пак, била огромна обожавателка на пејачката.
Според очевидците, Ада поминала покрај масата на Чапел и малку се загледала за да се увери дека е таа.
И, тогаш телохранителот на Чапел истапил и им се развикал на Ада и мајка ѝ бидејќи ја вознемирувале пејачката.
Според родителите на Ада, девојчето почнало да плаче.
Очувот на Ада се огласи на Инстаграм и јавно ја нападна пејачката.
„За време на појадокот, Чапел поминала покрај масата на ќерка ми и сопругата. Ќерка ми, како секое дете, ја препозна, се возбуди и само сакаше да се осигури дека е таа.
Најлошо е што не ни ѝ пријде. Само помина покрај масата на пејачката, погледна за да потврди дека е таа, се насмевна и се врати назад на масата кај мајка ѝ. Не рече ништо, не побара ништо.
Она што се случи следно беше потполно диспропорционално. Огромен телохранител им пријде додека појадуваа и почна да им зборува многу агресивно на мојата сопруга и мојата ќерка.
Велеше дека не треба да ѝ дозволи на ќерка ми да ’вознемирува‘ други луѓе… Рече дека дури ќе поднесе и жалба против нив во хотелот, додека мојата 11-годишна ќерка плачеше.
Ќерка ми беше многу потресена и многу плачеше… Тажно е да се види ваков третман од личност која треба да ја разбере важноста на фановите“.
Чапел почна да се соочува со критики бидејќи „расплакала мало девојче“, а во меѓувреме се огласи и телохранителот кој вели дека презема вина.
„Обично не се огласувам на онлајн шпекулации, но обвиненијата што кружат моментално се лажни. Преземам целосна одговорност за настаните на 21-ви март.
Јас бев во хотелот со други личности, не бев дел од обезбедувањето на Чапел Роун. Она што го направив не беше поради Чапел Роун, нејзино обезбедување, нејзиниот менаџерски тим, настаните на кои сведочев во претходните денови и генерално големиот ризик за безбедноста на нашата локација.
Мојата интеракција со мајката беше смирена и со добра намера“.
Портпаролот на Чапел, пак, изјави дека пејачката не му наредила на ниту еден телохранител да го нападне девојчето, ниту да има каква било интеракција со неа или мајка ѝ.
Сепак, поради целата драма, почнаа да се споделуваат слични инциденти од минатото на пејачката.