Славна е само 2 години, но веќе е дрска и разгалена дива: Која е пејачката што сите ја замразија преку ноќ?

Извори споделуваат дека и нејзините соработници не се задоволни од неа.

„Сите што работат за неа сакаат да се подобри пред да биде предоцна. Однесувањето не ѝ е најдобро. Некои ја нарекуваат разгалена дива, други ја нарекуваат к**ка.

Тажно е бидејќи е многу талентирана… Нејзините блиски се надеваат дека ова ќе ѝ биде како лекција“.

slavna-e-samo-2-godini-no-vekje-e-drska-i-razgalena-diva-koja-e-pejachkata-shto-site-ja-zamrazija-preku-nokj-06.JPG

Лошото однесување на пејачката е забележано и на настани.

Во 2024 година, на доделувањето на MTV VMA, Чапел почна да се расправа со фотограф. Наводно фотографот извикал да замолчи, по што Чапел се свртела кон него, го навредила и му рекла тој да замолчи.

slavna-e-samo-2-godini-no-vekje-e-drska-i-razgalena-diva-koja-e-pejachkata-shto-site-ja-zamrazija-preku-nokj-10.JPG

Еден месец подоцна, на настан во Лос Анџелес, Чапел имаше конфликт со уште еден фотограф, кој го обвини дека се однесувал лошо кон неа.

„Не ме почитуваше на Греми наградите. Ми се развика на забавата на Греми. Беше неучтив… треба да ми се извиниш“.

slavna-e-samo-2-godini-no-vekje-e-drska-i-razgalena-diva-koja-e-pejachkata-shto-site-ja-zamrazija-preku-nokj-02.JPG

На социјалните мрежи почнаа да се споделуваат и бројни други видеа на кои се гледа како пејачката ги обвинува папараците, па и фановите дека ја вознемирувале.

Видеата почнаа да се споделуваат толку често, што се огласи и пејачот Бој Џорџ:

„Расположи се девојко. Преземи контрола над својата слава. Го имаш цел свет пред себе, престани да го шутираш“.

slavna-e-samo-2-godini-no-vekje-e-drska-i-razgalena-diva-koja-e-pejachkata-shto-site-ja-zamrazija-preku-nokj-0.JPG

Поради многуте критики, Чапел објави видео во кое се извинува за целата ситуација со ќерката на Џуд Ло. Но, сепак, повеќето не го прифатија извинувањето.

Некои, пак, одат дотаму што велат дека ако наскоро не издаде хит, кариерата на Чапел е завршена.

„Во минатото многумина не го забележуваа нејзиното однесување. Проблемот е што сега некој конечно ја натера да преземе одговорност за лошото однесување, а претходно се извлекуваше од ова.

Имаше инцидент со фотограф на MTV VMA, како и други инциденти со фотографи каде не беше во право. Има напаѓано фанови, а сега и ова со телохранителот…

Не изгледа добро за нејзината репутација. Без уште еден хит, сите ќе ја заборават Чапел“.

Сепак, уште откако почна да се прославува во 2024-та, Чапел има зборувано за лошите страни на славата. Има изјавено и дека нема да го прифаќа вниманието од другите штом не го сака.

Таа ги има навредено и фановите кои се интересираат за нејзиниот живот и ги нарече „морничави“.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
„Мојата жена е мојот херој“ – Најсекси мажот на светот, Џон Красински, слави 15 години брак со сопру... По 2 години врска се венчале во куќата на Џорџ Клуни на Комо, им предвидувале ра...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...

Најчитани неделава