Децата јадат благи прженици, имаат огромна детска соба со шминкерници – Џорџина Родригез покажа моменти од домот (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 30 март 2026
Ги покажа децата како јадат благи чурос, очигледно тато попуштил за исхраната, а покажа и како им ја декорирала огромната детска соба на ќерките, со големи кревети, шминкерници, играчки и простор за играње, но дозволи да ѕирнеме и во дворот на куќата – Џорџина Родригез сподели моменти со децата од домот во Мадрид.

Џорџина Родригез и Роналдо со децата се повторно во Мадрид, откако ја напуштија Саудиска Арабија заради конфликтот на Блискиот Исток.
Неодамна парот беше забележан со нивниот син Матео, како шетаат низ градот и одат на средба со пријатели.

Сега Џорџина на следбениците им дозволи да ѕирнат во нивниот дом во Мадрид и покажа семејни моменти со децата.
Таа сподели фотки на кои се гледа како јадат чурос, благи прженици со чоколаден крем, кои до неодамна тато Роналдо не ги дозволуваше во нивната исхрана.

Претходно споделуваше и други заеднички оброци, како јајца на око со мини пици, но и огромни тави со паеља, a на Инстаграм Стори сподели и видео од домот во кој престојуваат, односно од дворот со базен.


Свршеницата на Роналдо ги изненади сите и кога објави видео во кое ја покажа детската соба, веројатно на ќерките, што таа сама ја декорирала и уредувала.
Собата е огромна, поделена во два дела, во розова боја, со мали и големи кревети, шминкерници и со многу играчки и простор за игра.


Погледнете го видеото:
M. M. | Црнобело