По стапките на тато: Вонбрачниот син на Шварценегер разголен на улица, откако победи на бодибилдинг натпревар
По неколку напорни сесии, татко му му покажуваше и како да ги изведе неговите препознатливи пози.

По победата, Џозеф беше фотографиран и во близина на неговиот дом во Санта Моника, каде гордо шеташе само по шорцови и влечки.

Претходно Џозеф имаше изјавено дека додека татко му му помагал, го форсирал да го дава најдоброто од себе. Тој смета и дека не треба премногу да се потпира на татко му ако сака да постигне успех.
„Татко ми е старомоден, не верува во подарување слава и успех. Тој верува дека единствено трудот е важен, а и јас верувам во истото.
Јас го сакам зборот ’чест‘ и сум многу горделива личност, па се прашувам каква чест би покажал ако од татко ми барам врски и услуги“.

Од петте деца на Арнолд, само Џозеф го смета бодибилдингот за своја пасија.
А, интересно е што до 2011 година, Арнолд не ни знаеше дека тој е негов син.

За потсетување, Арнолд го доби Џозеф со неговата куќна помошничка, со која спиел додека беше во брак со Марија Шривер.
Џозеф е роден во 1997 година, а ја дознал вистината за татко му во 2011-та.

Веста дека добил вонбрачно дете со куќната помошничка го растури долгогодишниот брак на Арнолд и Марија Шривер.
Но, Арнолд сепак одлучи да се грижи за својот вонбрачен син и низ годините му помагаше да тргне по неговите стапки.
Спирова С. | Црнобело