По стапките на тато: Вонбрачниот син на Шварценегер разголен на улица, откако победи на бодибилдинг натпревар
- Детали
- понеделник, 30 март 2026
Џозеф Баена, синот што Шварценегер го доби со неговата куќна помошничка, триумфираше на неговиот прв бодибилдинг натпревар. Неколку денови претходно, тој и татко му беа фотографирани во теретана, каде што Арнолд му покажуваше како да ги изведе неговите препознатливи пози.

Џозеф Баена, вонбрачниот син на Арнолд Шварценегер не само што е копија на татко му, туку веќе тргна и по неговите стапки.
28-годишниот Џозеф минатиот викенд го имаше своето деби на бодибилдер натпревар во Колорадо каде што триумфираше.

Џозеф се пофали со новиот успех со Инстаграм објава, а сподели и неколку фотки од подготовките, вклучувајќи го и мигот кога го става лажниот тен кој е задолжителен за ваквите натпревари.



Само неколку денови претходно, Џозеф беше фотографиран во теретана со татко му Арнолд каде што се подготвуваше за натпреварот.