Славни жени кои се венчаа со геј мажи (без да знаат)

Лајза Минели беше во брак со Питер Ален кој откри дека е геј по нивниот развод. Интересно е што и мајка ѝ на Лајза, Џуди Гарланд, беше во ист брак – со режисерот Винсент Минели кој со години успешно ја криел својата сексуалност.

slavni-zheni-koi-se-venchaa-so-gej-mazhi-bez-da-znaat-01.jpg

Многу луѓе ја кријат својата сексуалност плашејќи се дека ќе бидат осудувани.

Па, има ситуации кога се во врска, па и брак со партнери од спротивен пол, без разлика што не се стрејт.

Вакви бракови имало и меѓу славните личности – низа познати дами биле во брак со мажи кои всушност биле геј.

Славни жени кои беа во брак со геј мажи (без да знаат):

Лајза Минели

Лајза Минели беше во брак со Питер Ален од 1967 до 1974 година.

Откако се разделија, Питер Ален откри дека е геј, а потоа имаше и долга врска со маж.

Интересно е што и мајката на Лајза Минели, Џуди Гарланд, беше во ист ваков брак.

slavni-zheni-koi-se-venchaa-so-gej-mazhi-bez-da-znaat-02.JPG

Џуди Гарланд

Џуди Гарланд е една од неколкуте жени кои беа во брак со режисерот Винсент Минели.

Во период кога немало социјални мрежи, режисерот не ја криел својата сексуалност во Њујорк.

Но, во Лос Анџелес, каде што живеел најголем дел од времето, успешно криел дека е геј, па дури и имаше неколку бракови со жени, вклучително и со Џуди Гарланд.

slavni-zheni-koi-se-venchaa-so-gej-mazhi-bez-da-znaat-03.JPG

Кери Фишер

Актерката Кери Фишер се венча со Брајан Лурд во 1991 година.

Се разделија три години подоцна, откако тој откри дека е геј.

slavni-zheni-koi-se-venchaa-so-gej-mazhi-bez-da-znaat-04.JPG

Френ Дрешер

Американската актерка и писателка Френ Дрешер беше во брак со Питер Марк Џејкобсон, креаторот на серијата што ја прослави Френ – The Nanny.

Беа во брак повеќе од две децении, односно од 1978 до 1999 година.

Питер откри дека е геј дури откако се разведоа, но со Френ останаа во мошне добри односи.

Впрочем, дури направија и ситком серија, Нappily Divorced, инспирирана од нивната приказна.

slavni-zheni-koi-se-venchaa-so-gej-mazhi-bez-da-znaat-05.JPG

Ванеса Редгрејв

Актерката Ванеса Редгрејв беше во брак со режисерот Тони Ричардсон од 1962 до 1967 година. Заедно добија и две деца.

По разводот, Тони уште долго време ја криеше својата сексуалност и откри дека е геј откако беше дијагностициран со ХИВ.

За жал, болеста беше и причина за неговата смрт во 1991-ва.

slavni-zheni-koi-se-venchaa-so-gej-mazhi-bez-da-znaat-06.JPG

Бетси Дрејк

Бетси Дрејк беше втора од четирите сопруги на актерот Кери Грант.

Иако самиот никогаш не зборувал за својата сексуалност, се претпоставува дека е геј бидејќи по четвртиот развод, 10 години живееше со друг маж за кој се верува дека му бил партнер.

slavni-zheni-koi-se-venchaa-so-gej-mazhi-bez-da-znaat-07.JPG

Анџела Ленсбери

Првиот сопруг на Анџела беше актерот Ричард Кормвел, со кого беше во брак само една година, односно од 1945 во 1946 година.

Ричард почина во 1960-та, а многу години подоцна, Анџела сподели дека се разделиле бидејќи Ричард бил геј.

slavni-zheni-koi-se-venchaa-so-gej-mazhi-bez-da-znaat-08.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава