Скандалозниот љубовен живот на Памела Андерсон: 5 разводи, многу свршувачки и приватна снимка
- Детали
- недела, 05 април 2026
Покрај бурниот брак со Томи Ли, Памела Андерсон зад себе има уште четири разводи, неколку раскинати свршувачки, но и наводна лажна врска.

Изминативе неколку години, Памела Андерсон доживеа вистинска трансформација и ако некогаш беше „пластична русокоса“ што никој не ја сфаќа сериозно, денес е вистинска инспирација.
Во шестата деценија од животот, актерката изгледа подобро и посреќно од кога било, но факт е дека низ годините навистина претрпела многу.
Скандалот кој остави најголема дамка во нејзината репутација е секс снимката со Томи Ли која беше споделена без дозвола од актерката.
Но, ова не е единствената токсична врска во нејзиниот живот.
Детали за бурниот љубовен живот на Памела Андерсон:
Врската со Скот Баио
Кон крајот на 1980-тите, Памела Андерсон беше во врска со актерот Скот Баио.
Актерот дури и помогна и да добие мала улога во неговата серија Charles in Charge што е меѓу првите ангажмани на Памела.
Тие беа заедно три години, а според изјавите на Скот, кои Памела ги нема потврдено, тој ја запросил.
Се разделија во 1993-та, а Памела сподели дека причината се нивните различни ставови.
„Скот е прекрасна личност. Но, многу е прагматичен. Јас живеам ден за ден, а тој воопшто не е спонтан“.
Врската со Кели Слејтер
Памела и Кели се запознаа во 1990-тите, додека ја снимаа хит-серијата Baywatch.
Актерката откри дека тој бил нејзината „прва голема љубов“, иако многупати раскинуваа.
„Беше многу добар со мене. Со Кели постојано бевме заедно, дури и кога јас имав други дечковци, а тој други девојки.
Дефинитивно беше срцекршач и имаше слободен дух“.
Памела сподели и дека кога се венчала со Томи Ли, уште се гледала со Кели.
Бурниот брак со Томи Ли
Памела Андерсон и Томи Ли се венчаа во 1995-та, само 96 часа откако се запознале.
Бурниот брак траеше три години во кои се случија низа скандали – протече нивната секс снимка, а Томи Ли беше обвинет и за семејно насилство, па помина шест месеци во затвор.
Пред да се разведат во 1998-ма, тие добија два сина.
Во 2008-ма, цела деценија подоцна, Томи Ли и Памела одлучија да ѝ дадат уште една шанса на врската.
„Досега се обидовме 800 пати, сега ѝ даваме 801-ва шанса на врската. Памела и децата сега живеат со мене. Прекрасно е и функционира“, сподели музичарот.
Сепак, тие не се венчаа повторно, а по некое време се разделија. Памела, пак, тврдеше дека Томи бил љубовта на нејзиниот живот:
„Постоеше само Томи и никој друг“.
Свршувачката со Маркус Шенкенберг
По разводот од Томи Ли, Памела почна бурна врска со моделот Маркус Шенкенберг.
Тие дури и се свршија, но сепак раскинаа во 2001-ва. Според Памела, биле многу различни.
„Маркус е добра личност, но јас барам нешто друго – некој со страст во животот. Покрај тоа, работам 18 часа дневно.
Имам голем живот и сакам некој со ист распоред како мене. Но, не сакам да се грижам за никој друг освен за моите деца“, сподели актерката кратко по разделбата.