Скандалозниот љубовен живот на Памела Андерсон: 5 разводи, многу свршувачки и приватна снимка
Венчавката со Кид Рок
Памела и кантри пејачот ја почнаа врската во 2001-ва, а околу една година подоцна се свршија, за следната година да раскинат.
Во 2006-та тие си дадоа уште една шанса и неполн месец подоцна се венчаа.
Не издржаа заедно ни пола година – Памела поднесе барање за развод во ноември 2006-та.
Рик Саломон
Памела и Рик Саломон се венчаа во 2007-ма, во хотел во Лас Вегас, а извори блиски до нив тврдеа дека биле многу вљубени еден во друг.
Но, неполн месец подоцна, Памела поднесе барање за развод. Краток период потоа се смирија, за во март 2008-ма нивниот брак да биде поништен.
Во 2014-та тие се венчале вторпат, во тајност, а актерката сподели дека биле пресреќни.
Но, и овој пат не издржаа долго заедно – по една година, Памела поднесе барање за развод.
Џон Питерс
Памела го запознала филмскиот продуцент Џон Питерс во 1980-тите, кога имала само 19 години.
Тогаш почнале да живеат заедно и наводно тој ѝ помогнал да се прослави. Но, кога ја запросил, таа го одбила поради возрасната разлика од 22 години.
Многу години подоцна во 2019-та, тие повторно се сретнале и се венчале во тајност.
Сепак, само две недели подоцна, Памела сподели дека ќе го поништат бракот.
„Сакаме да размислиме што сакаме од животот и еден од друг. Животот е патување, а љубовта е процес. Со ова на ум, одлучивме да не го официјализираме нашиот брак“.
Потоа актерката сподели дека никогаш не биле официјално венчани, туку само направиле прослава со блиските.
Ден Хејхурст
Во 2020 година, Памела направи интимна свадба со Ден Хејхурст во нејзиниот дом во Канада.
„Сега сум точно каде што треба да бидам – во рацете на маж кој вистински ме сака“, сподели актерката кратко по свадбата.
Но, поради непозната причина, се разделија по околу една година заедно.
Лиам Нисон
Памела Андерсон и Лиам Нисон се зближија за време на снимањето на The Naked Gun и кога почна да се шпекулира дека се заедно, брзо станаа омилениот холивудски пар.
Извори блиски до нив тврдеа дека се среќни заедно, но се чини дека се имаат разделено.
Постојат и гласини дека воопшто не биле во врска, туку само глумеле за да го промовираат филмот.
Спирова С. | Црнобело