„Ни се гледа стравот во очите“: Бизарни фотки од Мајкл Џексон со децата кои наводно биле негови жртви
- Детали
- сабота, 11 април 2026
Семејството Касио му беше како „второ семејство“ на Мајкл Џексон и тие го бранеа кога пејачот се соочуваше со обвиненија за педофилија. Но, сега го сменија наративот и тврдат дека како деца биле жртви на пејачот и бараат 200 милиони долари од неговото богатство. Во меѓувреме, споделија и фотографии кои наводно биле доказ за нивните тврдења.

Речиси 17 години по смртта на Мајкл Џексон, уште се дебатира за обвиненијата за педофилија против пејачот.
Судењето се одвиваше во 2005 година, а пејачот беше обвинет дека го злоставувал 13-годишно момче – Гавин Арвизо – на неговиот ранч Neverland во Калифорнија.
Мајкл Џексон првпат беше обвинет за злоставување деца уште во 1993-та, но ги негираше обвиненијата и направи спогодба со тужителот.
Потоа, во 2003 година беше издаден документарецот Living with Michael Jackson, во кој се појавува и наводната жртва Гавин Арвизо.
Во документарецот, пејачот го држи детето за рака, а ја оправдува и неговата навика да спие во ист кревет со деца.
Ова, очекувано, поттикна истрага, по што пејачот повторно беше соочен со обвиненија за сексуално малтретирање деца.
На судењето во 2005-та сведочеше Гавин Арвизо, но и неговиот брат кои тврдеа дека пејачот им давал алкохол, им покажувал порнографија, мастурбирал пред нив, како и дека се обидувал да има односи со нив.
Сепак, многу славни личности застанаа во одбрана на пејачот, вклучувајќи го и Меколи Калкин кој во детството беше особено близок со него.
Судењето беше опишувано како „медиумски циркус“ и многу медиуми беа обвинети дека лажно го претставувале пејачот како виновник.
Одбраната на пејачот, пак, тврдеше дека семејството на наводните жртви само пробувало да го експлоатира Мајкл за неговите пари.
На крај, сите обвиненија од пејачот беа отфрлени, а тој почина околу четири години подоцна.
Некое време случајот беше заборавен, но во 2013-та истапи нов сведок – Вејд Робсон – кој поднесе нова тужба со тврдење дека бил злоставуван од Мајкл Џексон.
Но, ова не беше единствената тужба што ја доби пејачот по неговата смрт.
Во далечната 1984 година, Мајкл Џексон запознал маж по име Доминик Касио. Се зближил со него, а по некое време ги запознал неговата сопруга и нивните деца.
Тие биле толку блиски, што извесен период дури и живееле заедно во Њу Џерси.
Пејачот бил близок и со нивните деца, а едното од нив, Френк Касио, издаде книга за неговото пријателство со Мајкл.
Иако со години тврдеше дека биле особено блиски, во 2019-та Френк се закануваше дека и тој ќе го тужи пејачот за сексуално малтретирање ако не биде исплатен.