Кети Пери под истрага за сексуален напад на жена, вознемирувала и други: „Молчев 20 години“

По обвиненијата на австралиската актерка Руби Роуз, Кети Пери е под истрага за сексуален напад. Во меѓувреме, јавноста почна да споделува други вакви инциденти на пејачката – ѝ ги допирала градите на Ана Кендрик, а на актер од нејзин спот му ги соблекла панталоните и долната облека на забава, без негова дозвола.

keti-peri-pod-istraga-za-seksualen-napad-na-zhena-imala-i-drugi-zhrtvi-molchev-20-godini-01.jpg

Репутацијата на Кети Пери повторно страда, откако пејачката беше обвинета за сексуален напад од австралиската актерка Руби Роуз.

Минатиот викенд Кети Пери беше на музичкиот фестивал Coachella со нејзиниот нов партнер – Џастин Трудо.

Тие го следеа и настапот на Џастин Бибер, каде што Кети прокоментира за тоа што пејачот пушташе песни од Јутјуб.

keti-peri-pod-istraga-za-seksualen-napad-na-zhena-imala-i-drugi-zhrtvi-molchev-20-godini-08.JPG

Реакцијата на Кети ја споделија низа светски медиуми, а актерката го изнесе своето обвинение на ваква објава.

„Кети Пери сексуално ме нападна во ноќен клуб во Мелбурн. На никој не му е гајле што мисли“, напиша Руби Роуз на објава на социјалната мрежа Threads.

Во друг коментар таа откри дека била во раните 20-ти кога се случил инцидентот.

„Ми беа потребни две децении за јавно да го кажам ова. Иако сум благодарна што издржав доволно долго за да го најдам мојот глас, ова само покажува колкаво влијание имаат траумата и сексуалните напади“.

keti-peri-pod-istraga-za-seksualen-napad-na-zhena-imala-i-drugi-zhrtvi-molchev-20-godini-04.JPG

Следниот ден, во понеделникот, портпаролот на Кети Пери остро ги негираше обвиненијата.

„Обвинувањата на Руби Роуз за Кети Пери кои кружат на социјалните мрежи не само што се категорично лажни, туку се и опасни лаги.

Госпоѓица Роуз во минатото изнесувала сериозни обвиненија за разни луѓе кои одново и одново биле негирани од оние што ги обвинувала“.

Сепак, ова не ја замолчи Руби Роуз која потоа сподели и вознемирувачки детали од наводниот напад.

keti-peri-pod-istraga-za-seksualen-napad-na-zhena-imala-i-drugi-zhrtvi-molchev-20-godini-11.JPG

Според неа, во ноќниот клуб таа била навалена на скутот на нејзина пријателка и тврди дека пробувала да ја избегне Кети Пери.

Но, пејачката дошла да неа, си ја тргнала долната облека и почнала да ги трие гениталиите од лицето на Руби.

„Откако повратив, ја кажав приказната, но ја претворив во ’смешен пијан инцидент‘ бидејќи не знаев како да се справам со целата ситуација.

Подоцна Кети се согласи да ми помогне да добијам виза за САД, па молчев. Но, само да ви кажам дека не беше добра личност“.

keti-peri-pod-istraga-za-seksualen-napad-na-zhena-imala-i-drugi-zhrtvi-molchev-20-godini-03.JPG

Актерката додава и дека ѝ било многу тешко да го сподели ова бидејќи напаѓачот е жена, а не маж.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како Ен Хетавеј стана „најомразената жена во Холивуд“? „Проблемот со Ен е тоа што ако ѝ се доаѓате, тогаш е супер. Ако не ѝ се допаѓате...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Бебе Реџа, пејачката со дебарски корени, објави оглас за да најде татко за нејзиното бебе - Кои ѝ се... 36-годишната пејачка минатото лето ја посети Македонија, а сега јавно се огласи ...
Татко му доби деца со посвоената ќерка, убил 3 луѓе: Скандалите што го растурија семејството на Илон... Илон Маск веќе неколку години не зборува со татко му и иако проблемите меѓу нив ...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Ана Курникова (44) и Енрике Иглесијас (50) го добија четвртото дете - споделија и фотка од новороден... Со објава на Инстаграм Ана Курникова потврди дека се породила на 17-ти декември....

Најчитани неделава