Кети Пери под истрага за сексуален напад на жена, вознемирувала и други: „Молчев 20 години“
„Кети Пери слободно може да ме тужи (но нема бидејќи сето ова се случи, има фотографии и имаше неколку сведоци)“, сподели актерката во одговор на објавата.
Во меѓувреме, јавноста „ископа“ постаро интервју од актерката Ана Кендрик која сподели бизарна средба со Кети Пери.
Додека гостуваше во шоуто на Конан Обрајан во 2014 година, Ана Кендрик откри дека Кети Пери ѝ ги допирала градите и деколтето.
Иако тогаш публиката се смееше и Ана Кендрик делуваше како да ја кажува целата приказна на шега, сега Кети Пери е критикувана и за ова.
„Кети се извлекува со ваквото однесување уште откако ја издаде I Kissed a Girl. Во нејзиниот свет, може да им прави што сака на жените, без никакви последици“.
„Руби Роуз, а потоа Ана Кендрик? Дали е ова само почетокот?“
„Луѓето многу лесно ѝ простуваат на Кети Пери, особено бидејќи сега делува многу вљубено со Џастин Трудо. Но, треба да си ја променат перспективата“.
„Моделот Џош Клос кој имаше улога во спотот за Teenage Dream тврдеше дека Кети Пери му ги спуштила панталоните и долната облека додека биле на забава, без негова дозвола“.
„Кети Пери е одвратна личност“.
Во изјава за Daily Mail, портпарол на полицијата во Мелбурн сподели дека работат на случајот и истрагата е во тек.
„Полицијата дојде до информации дека инцидентот се случил на имот во Мелбурн. Бидејќи истрагата е во тек, во оваа фаза не треба да коментираме ништо друго“.
И Руби Роуз откри дека соработува со полицијата, па поради ова ќе престане да зборува во јавност.
„Ова попладне ги финализирав сите мои пријави. Ова значи дека веќе нема да можам да коментирам и јавно да зборувам за овие случаи или луѓето кои се вклучени в нив…
Ова е стандардно барање од полицијата“, напиша таа вчера (14.04).
Освен изјавата на портпаролот, Кети Пери нема споделено ништо друго за обвиненијата.
Спирова С. | Црнобело