Го напуштил во детството, се заканувал дека ќе го киднапира: Во каков однос е Џастин Бибер со татко му?
- Детали
- недела, 19 април 2026
Кога Џастин Бибер се родил, мајка му и татко му имале 18 години. Бидејќи не бил подготвен за дете, татко му ги напуштил и не се вратил сè додека Џастин не наполнил четири години.

Џастин Бибер го поминал детството со неговата мајка, Пети Малет, која на почетокот од кариерата му беше и менаџер.
Со неговиот татко, пак, имал бурен и комплициран однос голем дел од животот.
Џастин избегнува да зборува за татко му Џереми Бибер, но изминативе неколку години се чини дека колку-толку ги надминале нивните разлики.
Што знаеме за односот на Џастин и татко му и како ги надминале проблемите?
Џереми не бил подготвен за дете кога се родил Џастин
Родителите на Џастин никогаш не стапиле во брак, а биле и многу млади кога се родил популарниот пејач - имале едвај 18 години.
Во интервју, Џастин самиот има признато дека неговиот татко не бил подготвен за дете.
„Беше незрел. Нè напушти кога имав една година и не се врати сè додека не наполнив четири. Се пресели во Британска Колумбија, а се врати на Денот на таткото.
Се сеќавам дека мајка ми му рече ’Ако сакаш да бидеш овде, треба навистина да си присутен‘“.
Иако Џереми бил отсутен во првите години од животот на Џастин, пејачот вели дека сепак не бил толку лош татко.
„Некои мислат дека е ужасен родител, но тој е во мојот живот откако се врати (од Британска Колумбија). Со него ги минував викендите“.
Во јавност се шпекулира дека Џереми имал лошо влијание врз Џастин, но пејачот вели дека тој сепак се трудел, заедно ја читале Библијата и успеале да се поврзат.
Џереми имал проблеми со законот
Според Radar Online, таткото на Џастин имал низа судири со законот во 1990-тите и раните 2000-ти.
Во 1995 година, кога воделе битка за старателство, мајката на Џастин изјавила дека Џереми имал „долга историја на криминална активност“.
Според неа, тој дури и се заканувал да го киднапира пејачот.
Во 1997 година, Џереми бил уапсен за физички напад и поминал 90 дена зад решетки.
По ослободувањето двапати ја прекршил условната казна, па поминал уште два месеца во затвор.
Потоа, во 2002 година, Џереми повторно бил уапсен за физички напад, но обвинението било отфрлено.
