Сите им го свртеа грбот, животите им се депресивни: Блејк Лајвли и Рајан сакаат да избегаат од Америка за да се „ребрендираат“
„Блејк не добива понуди и интересот за неа не е ни приближно ист како пред ситуацијата со Балдони.
Има срушено многу мостови и изгледа како повеќето луѓе од филмската индустрија да се држат настрана од неа“, открива изворот.
Блејк Лајвли направи кратка пауза од кариерата за да се посвети на мајчинството. Филмот што го сними со Балдони требаше да биде како голем камбек.
Таа најави и низа други проекти, но засега нема прогрес на ниту еден од нив.
„Дефинитивно ситуацијата не изгледа добро за неа кога е во прашање кариерата и веројатно ова нема да се промени наскоро. Изгледа како индустријата да ѝ го свртела грбот“.
Според изворот, репутацијата на парот настрадала толку многу, што тие планирале да избегаат од САД.
„Блејк и Рајан дури разговараа да се преселат во Англија. Но, она што ги кочи е тоа што училиштата и пријателите на нивните деца се во Америка. Блејк е прекрасна мајка.
Ако немаа деца, сигурно ќе се релоцираа во Англија или ќе минуваа повеќе време таму. Блејк ќе може да се ребрендира и верува дека тамошната филмска индустрија ќе ѝ даде втора шанса“.
Откако беа отфрлени мнозинството од обвиненијата на Блејк, некои шпекулираат дека таа и Џастин можеби ќе направат спогодба приватно и нема да одат на суд.
Но, повеќето сметаат дека дури и Блејк да победи, нејзината положба нема да се подобри многу.
„Не е важно што ќе каже поротата. Повеќето се сомневаат дека Блејк некогаш ќе успее да си ја поправи репутацијата“.
Периодов Блејк и Рајан не споделуваат детали за приватните планови и генерално избегнуваат да го коментираат случајот.
Спирова С. | Црнобело