Се дружи со елитата, има раскошна куќа, но никој не знае како заработува: Животот на Амбер Херд откако избега во Шпанија
Во меѓувреме имаше врска со фотографката Бјанка Бути, па со неа се пресели во Мадрид.
„Судењето беше стресно и Амбер сакаше нов почеток.
Сега има нова енергија и се фокусира на работите што ги сака“, сподели извор пред неколку години.
Не е познато што точно работи Амбер и како заработува, но во 2024-та, се дозна дека веќе добро се снаоѓала во Мадрид и се дружела со тамошната елита.
Истовремено, купила куќа од 1,5 милиони евра.
Амбер доби и три деца – четиригодишната ќерка Уна и близнаците кои се родија минатата година.
За Daily Mail, се огласи нејзин сосед од Мадрид.
„Живее овде и честопати ја гледам како ја носе ќерка ѝ на училиште наутро. Живее овде мирно, ова е соседство со многу славни луѓе, вклучувајќи и фудбалски играчи. Сега целосно се има интегрирано во заедницата.
Кога Амбер првпат пристигна овде, имаше многу фотографи пред нејзината куќа. Но, сега нема ниту еден. Овде никој не знае која е, не би ја препознале на улица како во Америка.
Кога видов колку внимание привлекуваше на почетокот, морав да прашам мој пријател која е и тој ми кажа дека му е бивша на Џони Деп“.
Амбер најчесто пазарувала во локален американски маркет.
„Честопати доаѓа овде попладне со нејзината ќерка. Моја колешка ги има услужено многупати.
Претпоставувам дека сака да купува работи што ја потсетуваат на дома, во нашиот маркет има многу работи од САД“, сподели вработен во маркетот.
Веќе спомнавме дека не е познато што точно работи Амбер, но минатата година имала улога во театарска претстава.
Од судењето, Амбер избегнува да зборува за случајот со Џони Деп, но се појави во документарец – Silenced – кој премиерно беше прикажан на почетокот од 2026-та.
Во него, Амбер вели дека ја изгубила способноста да зборува и веќе не сакала да го користи својот глас по сето она што се случи со Џони Деп.
Спирова С. | Црнобело